Ознака: пати

sto dena sela

Отчет на Села за првите 100 дена

Post Views: 5 Промена на режимот на сообраќај, отстранување на паркинзите кои беа на самите сообраќајници, ослободување на шеталиштето од металните конструкции, осветлување на дрвениот мост на реката Црн Дрим со многубоен систем, редовно миење на градските улици, уредување и ставање на функција на фонтаната на градскиот плоштад, се само дел од реализираните активности на градоначалникот Зијадин Села, кој успеал да ги спроведе за 30 дена а не за 100 дена како што ветил во предизборната кампања. Но Села на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговото делување посебен акцент...

Continue reading

Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност

Post Views: 3 Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Тој сега има 59 години, а крв дарува веќе 38 години. Вели дека ќе биде крводарител се дури може и дури го служи здравјето, а на младите им препорачува да не се двоумат и да станат дел од семејството на крводарители бидејќи тоа е една многу хумана мисија. Нема што да се двоумат тоа е нешто најблагородно, со дарувањето крв спасуваме живот, а добро е и за самиот крводарител бидејќи се обновува крвта, вели Стојоски. Борис доби благодарница за континуираното дарување крв и помагање на оние на кои тоа им е потребно....

Continue reading

Охридските пожарникари за една недела интервенирале 5 пати

Post Views: 8 За една недела охридските пожарникари изгасиле 5 пожари. Од нив 4 интервенции биле гасење на оџаци, а се гасел и еден запален контејнер. Од кога почна грејната сезона од 15 октомври до денес, пожарникарите интервенирале на гасење на 26 оџаци претежно во градските населби, информира Горан Маркоски заменик командир на охридската територијалната противпожарна единица. Од оваа бројка 19 оџаци гореле на индивидуални куќи, а останите биле во колективни згради. „Споредено со лани во грејната сезона ова е податок кој охарбрува. Се бележи намалување на интервенциите. Веројатно...

Continue reading

Нови пониски цени за уште 352 лека

Post Views: 4 Намалени се цените на лековите и на болничката и на аптекарската листа.Поевтинија уште 352 лека. По пониска цена има терапија  речиси за сите заболувања. Вкупната годишна заштеда за граѓаните и здравствените установи изнесува 3,2 милиони евра. Генеричките лекови во просек се намалени за 18 проценти, а оригиналните и иновативните за 6 отсто. Некои медикаменти се поевтини и за 5000 денари. – Најголемо намалување се јавува кај следните генерики: Ironotecan од 100 ml (лек за карцином) – со разлика во цена од 64,44 проценти (стара цена била 8.450 денари, а новата изнесува...

Continue reading

pazi kuce

Според новиот закон, кастрација или еутаназија за агресивните кучиња

Post Views: 19 Според новиот закон за заштита и благосостојба на животните ако куче нападне два пати, веднаш ќе биде усмртено, а сопственикот  ќе добие забрана да чува кучиња, пишува Дневник. Во случај кога куче ќе нападне човек или животно, се врши процена на околностите при нападот. Ако нападот не бил испровоциран или кучето е агресивно, а сопственикот сака да продолжи да го чува, тоа ќе биде кастрирано, а газдата ќе треба да посети обука. Ако кучето нападнало човек втор пат, тоа веднаш се одзема и се евтаназира, а сопственикот добива забрана за чување какви било кучиња во период...

Continue reading

Фотографија споделена повеќе од 160.000 пати

Post Views: 0 Mike Smith, сопственик на трговија со стари автомобили во Lockport, останал вчудоневиден кога една млада девојка се пожалила на “полначот” за iPhone во автомобилот кој го купила од кај него. Имено, Smith во првиот момент не можел да разбере за каков полнач зборува девојката а уште помалку му било јасно на жалбата дека тој мистериозен извор го гребе стаклото на апаратот. Кога влегол во автомобилот Smith не можел да се воздржи од смеење бидејќи веднаш му станало јасно за што се работи. Секако дека не можел да одолее и фотографијата ја споделил на Facebook. Фотографијата...

Continue reading

apteka

Подвижните аптеки ќе се достапни три пати месечно

Post Views: 7 Специјализирани возила два до три пати во месецот ќе им носат лекови на жителите во руралните средини каде живеат до 1 000 жители. Проектот е наменет за хронично болните но бенефит ќе имаат вкупно 266 илјади луѓе во 1400 населени места. Во соработка со руралниот доктор и руралните аптеки жителите ќе може да ги добиваат сите лекови по иста цена кои може да ги купат во секоја друга аптека. Министерството за здравство овој новитет ќе го спроведе за три до четири месеци до кога треба да заврши правната регулатива околу доделувањето на 24 лиценци на фармацевтски компании. Министерството...

Continue reading

lut

Само смирено…

Post Views: 5   За да се спасите од срцев и мозочен удар, избегнете ја екстремната лутина. Тогаш шансите да ве „плесне“ мозочен со3-5 пати поголеми. Со лутина човек ризикува набрзо да му страда срцето, покажа истражување. Илјадници проблеми со срцето се предизвикуваат со излив на бес, а посебно на ризик се изложени луѓето со висок крвен притисок.Научниците од Харвард утешуваат дека психолошки третмани за смирување на луѓето може да бидат ефикасни за превенција од инфаркт, како и некои лекови. „Не е сосема јасно што го предизвикува инфарктот. Можеби постои врска помеѓу физиолошките...

Continue reading

Причини поради кои не смее да се употреби исто пластично шише два пати

Post Views: 0 Пластичните шишиња се најлесни за транспорт на вода и други освежителни пијалоци за време на летните горештини, но експертите предупредуваат дека проблемот започнува кога едно шише се користи неколку пати. –Шишето е легло на бактерии – За време на летните горештини бактериите молскавично се шират во околината па посебно внимание треба да се обрне на приборот кој го користиме за јадење и пиење. Најопасен дел од пластичното шише е отворот на кој ги принесуваме усните, бидејќи бактериите се пренесуваат од усната шуплина на нерамните делови од пластиката и таму се...

Continue reading

solzi

„Солзи сами капат, прости ми….“

Post Views: 2 Сите го правиме од моментот кога сме родени. Многу животни плачат, но емоционалните солзи се чини дека се уникатни за човекот. За едно такво универзално искуство луѓето знаат малку. Затоа, следуваат некои помалку познати факти за солзите кои треба да ги знаете. Има повеќе видови солзи Има солзи кои се во очите постојано. Тие имаат цел да го навлажнуваат и штитат окото. Постојат и солзи кои се создаваат за да го штитат окото од иритации од ветер, чад и друго. Постојат одредени докази кои покажуваат дека овие две видови солзи се хемиски различни едни од други. Третиот...

Continue reading

пациенти

Расте бројот на заболени од грип во земјава

Post Views: 1 Во текот на минатата недела пријавено е 161 лице со симптоми на грип, соопшти Институтот за јавно здравје. Во споредба со бројот на заболени од претходната сезона, се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период, се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во земјава од почетокот на сезоната 2013/2014, изнесува 746 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип. Во споредба со истиот период минатата година (509), постои зголемување...

Continue reading

Трајан Божиновски дарувал крв 50 пати

Post Views: 2 Охриѓанецот Трајан Божиновски досега дарувал крв 50 пати. Тој станал крводарител уште во средношколските денови, па својата драгоцена течност ја дарувал и за време на отслужувањето на воениот рок во ЈНА, а сега е редовен крводарител во охридскиот Црвен крст. Вели дека преку овој чин најдобро се изразува хуманоста. Оваа хумана акција од секогаш сум ја сакал, а и моите деца тргнаа по моите стапки. Додека можам и додека сум здрав ќе дарувам крв, а ова денешно признание ќе ми остане засекогш во сеќавање, вели Божиновски. ОО на Црвен крст, денес во своите простории организираше...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top