Фотографија споделена повеќе од 160.000 пати

“Простете господине, но полначот за мојот iPhone не работи и го гребе стаклото на екранот!”

 |  инфодеск  | 

Mike Smith, сопственик на трговија со стари автомобили во Lockport, останал вчудоневиден кога една млада девојка се пожалила на “полначот” за iPhone во автомобилот кој го купила од кај него.

Имено, Smith во првиот момент не можел да разбере за каков полнач зборува девојката а уште помалку му било јасно на жалбата дека тој мистериозен извор го гребе стаклото на апаратот.

Кога влегол во автомобилот Smith не можел да се воздржи од смеење бидејќи веднаш му станало јасно за што се работи. Секако дека не можел да одолее и фотографијата ја споделил на Facebook.

Фотографијата истиод ден е споделена уште 160.000 пати, а освен што е навистина смешна, сведочи и за тоа колку брзо времето поминува и работите се менуваат.

Секако, денешните деца никогаш нема да ја разберат убавината на премотување на касетата со фломастер или пенкало, техниката на лепење на згужвана лента, времето кога со часови се поминуваше до радиото за да се сними омилената песна…

На фотографијата може да се види што мислат денешните деца за што служи касетофонот во автомобилите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top