Ознака: пати

Skopje

Главниот град се гуши во чад и прав

Post Views: 0 Преголемата загаденост со чад и прав која достигнува и до 18 пати над дозволеното во главниот град на Македонија е причина за нарушување на човековото здравје на Скопјани. Имано последните мерења покажале дека часовната концентрација на честичките со дијаметар помал од 10 микрометри го урнале скопскиот рекорд зимава достигнувајќи 900 микрограми на кубен метар воздух, а среднодневната концентрација во саботата на оваа мерна станица изнесуваше фрапантни 494 мцг/м3. Часовните концентрации на ПМ10 во Центар и во Kарпош достигнуваа до 600 мцг/м3, а среднодневната концентрација...

Continue reading

Nikola Tesla

Генијалниот физичар, кој мразел бисери, живеел во целибат и сакал гулаби

Post Views: 26 Никола Тесла е најдобро познат по неговите пионерски истражувања во електричната енергија и роботиката како и по неговите многубројни пронајдоци, кои го вклучуваат и неговиот пронајдок – Тесла калем. Научникот е исто така познат и по неговите чудни опсесии меѓутоа и неговото бизарно однесување (колку луѓе познавате што биле заљубени во птица?). Прочитајте некои чудни факти за човекот кој се смета за еден од најголемите херои на науката. 1. Тесла имал некоја чудна опсесија со бројот три. Тој бил апсолутно фиксиран на бројот три – ги миел рацете три пати по...

Continue reading

klinika

„Candy crush“ заразата се шири низ светот

Post Views: 3 Прво се појави како игра на King.com, потоа беше пренесена на Фејсбук каде што ја надмина Фармвил 2, за во ноември 2012-та со сите свои 455 нивоа да се појави на смартфони. Во извештајот кој се појави деновиве портпаролот на Кинг објави дека играта ја има минато границата од 500 милиони симнувања на смартфон. Од компанијата најавија дека во следните месеци корисниците можат да очекуваат уште нови нивоа за играта.Со оваа бројка Кенди краш е некаде на околу една четвртина од бројката на Angry Birds, кои на Ајфон и на Андроид е симната околу 2 милијарди пати. Според одредени...

Continue reading

slucaj-sud

Правда има и треба да се спроведе

Post Views: 2 Сите докази се кристално јасни, вели Меди Туши, мештанин на село Добовјани струшко. Туши пред година и три месеци се соочил со голема траума која до ден денес има оставено последици врз неговото здравје и ментална состојба. Тој пред камерата на ТВМ ја кажа својата неочекувана случка, каде тој бил мета на напад од страна на киријаш, кој две години живеел во стан на неговиот братучед кој живеел во Швајцарија, а за кој стан се грижел Туши. Туши вели додека тој бил во бесознание, киријашот му ги одзел парите и тоа 1980 американски долари, 25 000 илјади денари и 800 евра,...

Continue reading

Хепатитисот една од најчестите заразни болести

Post Views: 5 Според податоците на Светската здравствена организација, приближно 500 милиони луѓе се заразени со хепатитис ц или хепатитис б, оваа бројка е за околу 15 пати поголема од бројот на заразени со ХИВ/СИДА. „Некаде околу милион луѓе починуваат секоја година од заразната жолтица. Македонија не го одминува тоа. Како што го следиме трендот во сите области, така го следиме и во заразната жолтица. Некаде 1,5 до 2 % од популацијата во Македонија според пресметките на Светската алијанса е инфицирана со вирусот на заразната жолтица, тип Б и Ц.“-вели инфектологот Д-р Розалинда Исијаноска....

Continue reading

Во струшко масовно се палат стрништа и покрај високите казни

Post Views: 3 Овој месец двојно се зголемиле повиците за интервенирање на отворено за разлика од лани, а мал е бројот на шумските пожари, вели командирот на струшката противпожарна единица Урим Каба. Лани било забележано на Караормна во реонот на Делогожд аи Поум намерно полење на шума , но годинава такви појави нема. Каба нагласува дека во овој период,  загрижува зачестената појава на палење стрништа и покрај високите казни за сторителите бидејќи јавната свест е на ниско ниво. Иако делиме флаери, го информираме населението преку медиумите, но без ефекти нагласува командирот на пожарникарите...

Continue reading

ЕУ е уморна од Google и покренува обвинение

Post Views: 2 Европската унија, како што пишува The Wall Street Journal, наскоро ќе подигне обвинение против Google поради злоупотреба на положбата на пазарот, а ако тој процес заврши со казна за американската компанија таа би можела да плати повеќе од 6 милијарди долари. Имено, спрема прописите на ЕУ во такви случаеви компанијата може да се казни со најмногу 10% од годишните приходи. Истрагата на ЕУ над Google трае 5 години, а освен тоа што била попречувана три пати, предизвикала и политичка бура. Меѓутоа комисијата на Juncker овој пат одлучила да оди до крај и побарала од компаниите...

Continue reading

navivacki

Кардио анализа на фудбалските фанови

Post Views: 5 Пребројувањето кај германските навивачи неспорно покажува дека навивачите страдаат за време на напнатите фудбалски натпревари. Во анализата за истражувањето се споредува бројот на срцеви удари на ден во 2003-та, 2005-та и за време на Мундијалот во Германија во 2006-та. Скоро без исклучок (освен натпреварот за 3-то место), секој пат кога Германија настапила на Мундијалот, бројот на срцеви удари во најмала рака за два пати се зголемил. Ако просекот на срцеви удари пред Мундијалот се движел околу 20 на ден, на првиот натпревар на Германија (Германија – Коста Рика...

Continue reading

grozje

Русите се луди по нашето грозје

Post Views: 10 За четири пати е зголемен извозот на македонското грозје во Русија, објави бизнис порталот “Росијинвест“. Со ова зголемување, земјава се позиционираше на 14-тото место меѓу земјите од кои Руската Федерација најмногу увезува грозје. Во текот на 2012 година, на рускиот пазар се извезени 1.422 тони трпезно грозје чија вредност е над 870.000 евра, а најголем дел од извозот е реализиран во октомври. Вкупната размена на земјава со Русија, во текот на изминатата година, беше вкупно 393,5 милиони долари, од кои на увозт отпаѓаат 360,3, а на извозот над 33 милиони долари. {loadposition...

Continue reading

mobilen

Дневно во мобилниот, гледаме 150 пати

Post Views: 6 Мобилниот телефон е направа без која голем број луѓе во светот не би можеле да живеат. Зависноста од него стана толку сериозна, што во него проверуваме на секои шест и половина минути, без оглед дали станува збор за порака, повик или статус на некоја од социјалните мрежи. Утврдено е дека оние кои имаат мобилен телефон, гледаат во него веднаш штом ќе се разбудат наутро, бидејќи ги буди алармот кој оваа направа го има. Поради оваа негова функција тој е направата во која и последна луѓето гледаат навечер. Голем број од корисниците на мобилен го користат за проверка на мејловите,...

Continue reading

asteroid

Навистина блиска средба

Post Views: 8 Астероид со дијаметар од 45 метри и со кодирано име 2012ДА14 ќе мине ноќта на 15 наспроти 16 февруари во близина на Земјата, на најмало растојание од нашата планета во историјата на набљудување на движењето на небесните тела, соопшти Јапонската национална опсерваторија. Опасност од судир со Земјата, сепaк нема. 2012ДА14 е со маса од околу 130.000 тони и се движи со брзина од 8 километри во секунда. Најблиску до земјата тој ќе биде на 15 февруари над Индискиот Океан, кога ќе биде на само 27,7 илјади километри од Земјата. Тоа е речиси 14 пати помалку од растојанието на...

Continue reading

race

Србите се запуштиле

Post Views: 6 Секој четврти Србин не ги мие редовно рацете, речиси секој втор се тушира помалку од три пати неделно, а буквално секој втор не ги мие забите секој ден! Во Србија речиси за една петтина е намалена продажбата на средства за лична хигиена.Ова го покажува минатогодишното истражување на ГФК агенција за испитување на јавното мислење според кое 23 отсто граѓани на Србија помалку купуваат паста за заби, сапуни, шампони, а една третина купува ефтини стокови марки. Порасната е продажбата на литарски шампони, чија цена е под 100 динари, а падната е продажбата на скапите увозни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top