Дневно во мобилниот, гледаме 150 пати

Мобилниот телефон е направа без која голем број луѓе во светот не би можеле да живеат.

mobilen
мобилен

Мобилниот телефон е направа без која голем број луѓе во светот не би можеле да живеат. Зависноста од него стана толку сериозна, што во него проверуваме на секои шест и половина минути, без оглед дали станува збор за порака, повик или статус на некоја од социјалните мрежи.

mobilenУтврдено е дека оние кои имаат мобилен телефон, гледаат во него веднаш штом ќе се разбудат наутро, бидејќи ги буди алармот кој оваа направа го има. Поради оваа негова функција тој е направата во која и последна луѓето гледаат навечер. Голем број од корисниците на мобилен го користат за проверка на мејловите, да погледант некоја занимливост на интернет или да ги посетат социјалните мрежи.

Според направените испитувања, корисниците гледаат во своите телефони најмалку 150 пати на ден во 16 часа, колку што се будни. Ист е случајот и со оние кои користат и не толку напредни телефони.

mobilenВо просек луѓето примаат 22 повици и испраќаат 23 пораки дневно, изјави Томи Ахонен, консултант за мобилна телефонија. Играње игри, менување музика, како и додавање на броеви во именикот на смартфонот го зголемуваат бројот на користењата на оваа направа, велат истражувањата кои ги нарачале од Nokia.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top