Правда има и треба да се спроведе

„Вистината излезе на видело и два пати со докази се потврди, останува да се спроведе правдата, и изречената казна од 10 години да ја одлежи обвинетиот“.

 |  Билјана Николоска  | 
slucaj-sud
slucaj-sud

slucaj-sudСите докази се кристално јасни, вели Меди Туши, мештанин на село Добовјани струшко. Туши пред година и три месеци се соочил со голема траума која до ден денес има оставено последици врз неговото здравје и ментална состојба. Тој пред камерата на ТВМ ја кажа својата неочекувана случка, каде тој бил мета на напад од страна на киријаш, кој две години живеел во стан на неговиот братучед кој живеел во Швајцарија, а за кој стан се грижел Туши.

Туши вели додека тој бил во бесознание, киријашот му ги одзел парите и тоа 1980 американски долари, 25 000 илјади денари и 800 евра, му ги одзел клучевите и од станот и од колата и побегнал. После настанот обвинетиот се криел неколку дена во куќа во Струга, па од страна на полицијата бил фатен на граничниот премин за Р. Бугарија, Деве Баир, при обид за бегство. Туши вели дека отогаш неговото здравје е лошо.

Нашиот соговорник случајот го пријавил во полиција, согласно законските прописи. Тој е задоволен од работата на струшкиот суд. Според Туши Основниот суд во Струга, професионално ја водел постапката и  два пати донесол пресуда 10 години затворска казна за обвинетиот, за сторено кривично дело „Разбојништво“. Туши се чуди зошто предметот два пати се враќа од апелациониот суд во Битола, бидејќи според него работите се кристално јасни со видливи и достапни докази. Тој нема да попушти за овој случај до крај, вели дека од неговата фамилија досега никој не прашал за неговото здравје како и тоа дека до ден денес не му се вратени одземените средства ниту парите ниту клучевите.

Туши вели дека тој веќе не е способен за работа, поради нанесената тешка телесна повреда како втиснувачко фрагментарно скршување на слепоочно – темената коска од десната страна со крварење, потрес на мозокот и лесна одземеност на левата страна од телото и ограничено гнојно воспаление на мозокот, што го влошило неговото здравје, предизвикувајќи конкретна опасност  по неговиот живот. За него и неговото семејство во моментов се  грижи неговиот брат. Туши верува во системот на државата не губи надеж дека казната треба да го стигне злосторникот, како делото не би се повторило.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top