Расте бројот на заболени од грип во земјава

Во текот на минатата недела пријавено е 161 лице со симптоми на грип, соопшти Институтот за јавно здравје.

пациенти
pacienti

Во текот на минатата недела пријавено е 161 лице со симптоми на грип, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во споредба со бројот на заболени од претходната сезона, се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период, се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во земјава од почетокот на сезоната 2013/2014, изнесува 746 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.

vakciniВо споредба со истиот период минатата година (509), постои зголемување на вкупниот број заболени лица за 46,6 отсто, а во однос на просекот за истиот период во последните 10 години (186), зголемувањето на бројот на заболени во оваа сезона изнесува 4 пати.

Во трите недели од декември се пријавени најголем број случаи (375) со симптоми на грип во однос на претходните два месеца од почетокот на сезоната. Најголем број заболени (176) се регистрирани на територијата на Тетово. Најголем број заболени се на возраст од 15-64 години (406), а деца до 4 години се 102.Претходната недела, пристигнати биле пет материјали за тестирање во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ и потврдено е присуство на инфлуенца вирус А/H1 во еден материјал, а останатите четири биле негативни. Од почетокот на сезоната пристигнати направени се вкупно 21 тестови од кои 6 биле позитивни на вирусот на инфлуенца А/H1.

Досега против сезонски грип се вакцинирани вкупно 23.970 лица и потрошени се сите набавени вакцини во јавно-здравствените институции кои се овластени за вакцинација против грип.
Во Европа, активноста на вирусот на грип останува ниска и на пред-сезонско ниво. Бројот на заболени од influenza A(H3N2), influenza B и influenza A(H1N1)pdm09 полека расте, а најзастапен е вирусот influenza A.

{loadposition contact9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top