„Солзи сами капат, прости ми….“

Сите го правиме од моментот кога сме родени. Многу животни плачат, но емоционалните солзи се чини дека се уникатни за човекот.

solzi
солзи

Сите го правиме од моментот кога сме родени. Многу животни плачат, но емоционалните солзи се чини дека се уникатни за човекот. За едно такво универзално искуство луѓето знаат малку. Затоа, следуваат некои помалку познати факти за солзите кои треба да ги знаете.

Има повеќе видови солзи

Има солзи кои се во очите постојано. Тие имаат цел да го навлажнуваат и штитат окото. Постојат и солзи кои се создаваат за да го штитат окото од иритации од ветер, чад и друго. Постојат одредени докази кои покажуваат дека овие две видови солзи се хемиски различни едни од други. Третиот вид солзи се оние кои ни се најпознати. Тоа се оние солзи кои течат по кавга со партнерот или за време на добра драма. Тоа се емоционалните солзи. Овие солзи содржат повеќе протеини од другите видови солзи.

solziИстражувачите не знаат зошто плачеме

Но, постојат теории. Некои научници сметаат дека луѓето плачат за да покажат знаци на болка. Друга причина можеби е сигнализирање за постоечки проблем или барање поддршка од околината.

Биохемиски, составот на солзите е сличен на плунката

Покрај другите состојки, тие во себе содржат протеини, сол и хормони.

Жените навистина плачат повеќе од мажите

Според една проценка жените плачат 5,3 пати месечно, додека мажите плачат 1,4 пати за истиот период. Според друго германско истражување , просечното плачење за жените трае 6 минути, наспроти 2 до 4 минути за мажите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top