Post Views: 4
Тирана домаќин на зааеднички состанок на преставниците од Министерствата за животна средина од Македонија, Албанија и Црна Гора, земјите кои се дел од Дримскиот Басен и преставници на Билатералните Комитети кои ги делат и трите езера во Басенот Охридското, Преспанското и Скадарското. Тема на средбата била отворената можност од Германската Влада преку ГТИ да одобри средства за програма за менеџмент со биодиверзитетот на трите езера во Дримскиот Басен. На состанокот биле изложени плановите како најдобро да се имплементира инвестиција во износ од 2 милиони евра од кои...
Post Views: 4
Туристичките работници на охридското крајбрежје ги
сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011. Покрај езерскиот брег
летуваат се повеќе странски гости, холанѓани, финци, австралијци, како и гости од соседството, меѓу кои најборјни
повторно се туристите од Србија. Според податоците од книгите кои ги водат во сместувачките
капацитети видливо е дека хотелските објекти на
ривиерата се исполнети со околу 90 посто од расположливиот капацитет
претежно со странски туристи, информира
раководителот на туристичкиот локален економски развој Гоце Симоноски.
Годинава...
Post Views: 7
Последното порибување со 30.000 единки подмладок на јагула ме поттикна да реагирам и да препорачам до раководоството на Елем во иднина езерото да се порибува само со женски јагули, вели независниот екологист и дипломиран инжинер агроном Лазо Наумоски. „При порибувањето мора да се има дефинирано со какви јагули полово го порибуваме Езерото, дали се тие машки или женски. Ако се вратиме во минатото при природното мрестење назад се враќа само женската јагула и таа традиција мора да се повторува секоја година“, нагласува Наумоски.
Во езерските води од вкупната застапеност...
Post Views: 1
Попладнево, околу 14.30 часот на околу 150 метри од елитната туристичка населба Лагадин, се запали глисер. Претседателот на Црвен Крст- Охрид, Сашо Точков не информира дека нивниот брод амбуланта веднаш интервенирал на местото на несреќата. Екипата им пружила помош на три лица кои се наоѓале во глисерот, а неофицијално дознаваме дека станува збор за македонски државјани, кои биле со полесни телесни повреди. Само едно од лицата е префрлено на понатамошен третман во болницата за трауматологија и ортопедија “ Св. Еразмо Охридски“.
Д-р. Горан Балев беше дел од екипата...
Post Views: 8
Сеуште не е решен проблемот со чистењето и подигањето на сметот од плажите со кои никој не стопанисува. Локалната самоуправа и годинава заедно со ЈП Охридски комуналец организираат чистење на плажите околу поголемите села и населби кои гравитираат околу Охридското езеро, но сепак помалите плажи со кои никој не стопанисува оставени неуредени.
„Ако централната власт стопанисува со Охридското езеро, ако капетанијата им наплаќа на бродовите прикотвени на пристеништата, тогаш е нормално дека тој што стопанисува тој треба да организира и чистење или да плати на некој што...
Post Views: 0
Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната...
Post Views: 2
Мајкл Рид кој со своите 33 препливувања на Ламанш, со право го носи прекарот „Кралот на Ламанш“, вчера го преплива Охридското Езеро. Девет часа му беа потребни да ја преплива 30 километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Тој е маратонецот кој каналот Ла Манш само за една година го препливал 6 пати и тоа во далечната1979 година, рекорд кој сеуште никој од мажите не го соборил. Овој искусен маратонец, задоволен од условите и организацијата на самиот настан.
„Пливањето беше прекрасно, условите беа апсолутно совршени. Имав неверојатни...
Post Views: 4
Алармот за спас на Охридското езеро од човечката негрижа е вклучен пред 11 години. Свеста кај населението за значењето на езерото во изминатава декада континуирано се подига. Заштитата е вечен процес кој никогаш нема да има крај. Тоа ќе биде континуирана борба со многу интереси и предизвици. Двете држави, на чии територии се наоѓа огромната водена површина, прават обиди да ја зачуваат неговата чистота која е од непроценлива важнот. Потпишан е заеднички македонско-албански Договор за заштита на езерото, изработена е заедничка Студија за состојбата на Охридското езеро...
Post Views: 31
Tрадицијата на одбележување на 21. јуни како Денот на Охридското Езеро беше воспоставена во 2001 година. Оваа традиционална манифестација 11 години наизменично се организира во трите општини Охрид, Поградец и Струга.Оваа година Денот на Охридското Езеро ќе се одбележи во Поградец со свеченост на која ќе присуствува делегација на општина Охрид.
Инаку, 21 јуни, Денот на Охридското Езеро беше замислен како можност за обединување на граѓаните и општините од двете земји заеднички да прославуваат но и да расправаат за теми од заеднички интерес, меѓу кои најважната е заштитата...
Post Views: 7
Вкупно 1440 рибарски мрежи запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција.
„Денеска ќе бидат уништени вкупно 1440 рибраски мрежи со вкупна должина од 70 километри. за илустрација тоа е двојно повеќе одколку што е должината на државната граница со Република Албанија“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
„Можам да констатира дека во периодот кога...
Post Views: 10
Пуштени во употреба 6 Т– понтонски мостови, на 6 локации долж брегот на Охридското езеро. Целта е збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонија. Понтонските мостови или платформи се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти, чамци, глисери, лесни бродови или скутери. Овие платформи поставени се на потегот од с. Трпејца до село Радожда. На овие локалции Македонски Телеком о Т – Мобиле, поставија и telekom Hot Spot точки преку кои сите посетители ќе можат да се приклучат на интернет и промотивно да сурфаат бесплатно...
Post Views: 9
Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи.
Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две...