Post Views: 10
Прошетката покрај брегот на нашето убаво Охридско езеро, охриѓанката Елена Шешова ја искористила да направи неколку фотографии кои ги испрати до рубриката „Ти си твојот град“.
ОХРИДСКО ЕЗЕРО-УБАВИНА КОЈА НЕ СЕ ОПИШУВА СО ЗБОРОВИ
Убавината на нашето езеро кое важи за најстаро природно езеро во Европа, не се опишува со зборови, тоа само се доживува. Затоа сите кои имате можност да го посетите, уживајте во секој поминат миг покрај него.
Да потсетиме, сите вие кои испраќате слики до рубриката „Ти си твојот град“, станувате добитници на вредносен...
Post Views: 12
За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за март. Пониско од просечното и тоа за 1,69 метри е и нивото на Преспанското Езеро, кое е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од...
Post Views: 2
Нуркачи од Нуркачкиот центар „Акватек” од Охрид спроведоа уште една активност за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
Со порака „Стоп за пластика. Чиста околина” тие чистеа на дното на езерото на потегот кај Стариот дел на Охрид, отстранувајќи пластика од амбалажа за една употреба.
Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба. Се друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки – велат од „Акватек”.
Изминатата година нуркачкиот клуб „Акватек”...
Post Views: 1
Шумата на охридското Кале е во опасност од бршленот, јавуваат загрижени граѓани. Посочуваат на загрозеност на „белите дробови“ на градот во делот на Самоилова тврдина, Дебој, Канео и Лабино.
Загрижени се за иглолисните дрвја да не почнат да се сушат од бршленовиот повит. Рекреативците кои секојдневно пешачат по патеките кои водат низ Калето кажуваат дека се почесто забележуваат исушени стебла, како што ја нарекуваат, нивна „патека на животот“. Повикуваат надлежните да ја исчистат шумата од бршленот и да го спасат урбаното шумско зеленило.
Проф. д-р Јане Ацевски, раководител...
Post Views: 9
Новогодишните празници влеваат малку оптимизам во туристичкиот сектор. И покрај притисокот на пандемијата има интерес кај граѓаните за патување и прослави. Според тур операторите најмногу интерес за новогодишни аранжмани на брегот на Охридското езеро има од соседството Албанија, Косово, Црна Гора и Србија, кои традиционално се редовни во овој период од годината. За разлика од минатото пред пандемијата кога се бараше место повеќе, според ХОТАМ сега само 30% од хотелските капацитети се букирани.
Се надевам дека туристичките барања и резервации за Балканот ќе се зголемат...
Post Views: 27
Реконструкција на Охридското одделение за трансфузиологија не е паметна инвестиција за надлежните. Објектот во кој функционира Службата за трансфузиона медицина во Охрид не ги исполнува условите ниту просторно ниту локациски, покажале анализите, а неодамна јавноста беше шокирана и од споделените фотографии на социјалните мрежи за внатрешните услови. Влажни и мувлосани подрумски простории, дотраена дограма, искршен мебел се далеку од стандардите за нормално одвивање на дејноста.
Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој момент...
Post Views: 26
Лебедите се симбол за раскошна убавина и симбол за љубов. Наш сограѓанин ни испрати фотографија од охридска фамилија лебеди кои се украс на Охридското езеро.
Мајка и татко лебеди со нивните малечки уживаат во водите за езерото. Погледнете ги само колку се прекрасни !
Post Views: 34
Иако во текот на изминатите денови за рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваа слики со кои граѓаните на Охрид, но и жителите на околните места ги посочуваа лошите практики, како расфрлан отпад на јавни површини, несредени приватни површини кои се наоѓаат во центарот на Охрид, а се обраснати со трева и трња, елитни населби оставени во лоша состојбаи слично, денес наш сограѓанин ни ја покажува и убавата страна на Охрид.
На неговите слики остави и коментар:
„Охридското срце на Св.Наум Охридски, Св.Климент Охридски и Св.Кирил и Методиј“
Post Views: 8
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, и покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е понизок од просекот за декември и тоа за 1,55 метри со што е три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм), додека нивоата на Охридското и Дојранското Езеро се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината и тоа за два сантиметри кај Охридското, односно за 2,7...
Post Views: 8
Градоначалникот Кирил Пецаков, присуствуваше на презентацијата на проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга.
Проектот има за цел на заедничка маса да ги седне сите засегнати страни во заштитата на Охридското Езеро, подобрување на комуникацијата и координацијата помеѓу Локалните самоуправи, централните институции и граѓанското општество.
Градоначалникот Пецаков во своето излагање истакна дека Општина...
Post Views: 6
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот Е.К. и 40-годишниот В.К., двајцата од струшкото село Велешта.
– Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 3-ти март 2021 година, ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1.372 метри квадратни државно земјиште,...
Post Views: 3
Државниот инспекторат за животна средина активно соработува со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга во откривање и санкционирање на уништувањето на природното наследство на струшкото крајбрежје.
Во заедничка координација, во март оваа година, обезбедија докази против лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја. На локацијата исто така биле забележани и траги од опожарена трска. Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот, за што е подготвена кривична...