2 милиони евра за биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен

Тирана домаќин на зааеднички состанок на преставниците од Министерствата за животна средина од Македонија, Албанија и Црна Гора, земјите кои се дел од Дримскиот Басен и преставници на Билатералните Комитети кои ги делат и трите езера во Басенот Охридското, Преспанското и Скадарското.

 |  Татјана Маленкова  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноскид

Тирана домаќин на зааеднички состанок на преставниците од Министерствата за животна средина од Македонија, Албанија и Црна Гора, земјите кои се дел од Дримскиот Басен и преставници на Билатералните Комитети кои ги делат и трите езера во Басенот Охридското, Преспанското и Скадарското. Тема на средбата била отворената можност од Германската Влада преку ГТИ да одобри средства за програма за менеџмент со биодиверзитетот на трите езера во Дримскиот Басен. На состанокот биле изложени плановите како најдобро да се имплементира инвестиција во износ од 2 милиони евра од кои приближно по една третина би добиле земјите од сливот.

„ Согласно програмата на германската влада за заштита и унапредување на животната средина на трите езера во рамките на дримскиот басен, ќе се одвојат 2 милиони евра со кои ќе треба да се потикне биодиверзитетот, за таа тема во Тирана ги образложивме темите по кои сакаме државите да ги искористат тие средства и што се однесува до охроидско преспанскиот регион како дел од дримскиот бесен најважно е што побаравме од тие средства да се одвојат за мониторинг за квалитето на водата и биодиверзитетот и конкретни мерки за заштита на мочуришни предели како што е студенчишкото блато како Езерани, за да можеме конечно да ги ставиме под заштита“, вели секретарот на  билатерален комитет за заштита на сливот на Охридското езеро, Дејан Паносвки.

sostanokПаноски додава дека е крајно време да почнеме да ги валоризираме вредностите што ги имаме. „По две години од воведување на проект очекувам реконструираните мочуришта да се стават во програма и за туристичка и за научно истражувачка работа, но и да останат во управување на локалните самоуправи во регионот што ќе биде плус и за заштита на езерата но и за туристичката понуда“, додава секретарот на  билатералниот комитет за заштита на сливот на Охридското езеро.

Паноски додава дека екологијата има голем инвестициски потенцијал, само е потребна силна политичка поддршка и ставање на екологијата повисоко на политичката агенда на приоритети. „Донаторскиот тим на ГТИ во оваа фаза ги вкорпорира  нашите предлози во главниот Проектен план. Тоа значи дека Македонија преку МЖСПП ќе добие инвестиција за спроведување на активности за одржлив мониторинг на езерата и за реставрација на водните живеалишта што е дел на стратегиите и акционите планови за сливот и задоволен сум што директно  придонесувам за тоа.  Во локални рамки пак, тоа би значело инвестиција во заштита ,реставрација и промоција на Езерани и Студенчишко Блато што би било и тоа каков голем напредок“, додава Паноски.

Проектот треба да стартува во Јануари 2012, а конкретните резултати би ги почувствувале по две години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top