Охридското Езеро да се порибува со женска јагула

Последното порибување со 30.000 единки подмладок на јагула ме поттикна да реагирам и да препорачам до  раководоството на  Елем  во иднина езерото да се порибува само со женски јагули, вели независниот екологист и дипломиран инжинер агроном Лазо Наумоски.

 |  Валентина Нелоска  | 
jagula
јагула

jagula Последното порибување со 30.000 единки подмладок на јагула ме поттикна да реагирам и да препорачам до  раководоството на  Елем  во иднина езерото да се порибува само со женски јагули, вели независниот екологист и дипломиран инжинер агроном Лазо Наумоски. „При порибувањето мора  да  се има дефинирано со какви јагули полово го порибуваме Езерото, дали се тие машки или женски. Ако се вратиме во минатото при природното мрестење назад се враќа само женската јагула  и таа традиција мора да се повторува секоја година“, нагласува Наумоски.

NaumsokiВо езерските води од вкупната застапеност на рибниот фонд, 27 проценти отпаѓаат на кленот, скобусот, моранецот и јагулата, од 45 до 50 посто на салмонидниот рибен фонд, а останатиот отпаѓа на плашицата, кажува  Наумоски. Женската јагула во Охридското езеро достигнува должина од 1 до 2 метри  и  тежина од 2 до 6 килограми. Машката популација, пак достигнува 50 цм и тежина до 200 грама.  На прашањето како ќе се набават и селектираат женските јагули за порибување, Наумоски го појаснува своето тврдење. „Женските  јагули го продолжуваат патот на нивните мајки и при враќањето се групираат во горниот тек на речните сливови и при тоа е најдобро да се земат за порибување на Езерото“.

Инаку, Саргаско море е единственото море кое нема брег и  е мрестилиште на  јагулите од северната Земјина полутопка. Тука, јагулите од сите езера, реки и потоци, освен оние кои припаѓаат на Црноморскиот слив, се мрестат, умираат, а од таму по истиот пат во старите живеалишта се враќа подмладокот. Тоа беше случај и со јагулата во Охридското езеро, но, заради изградбата на хидроцентралите Глобочица и  Шпиље   оневозможен е природниот пат на нејзиното размножување. Нејзиниот вид во Охридското Езеро се одржува со вештачки мрест.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top