Повторно глисерска несреќа во водите на Охридското езеро

Попладнево, околу 14 часот и 30 минути во водите на езерото се запали глисер.

 |  Крсте Голабовски  | 
zapalen gliser
zapalen gliser

zapalen gliserПопладнево, околу 14.30 часот на околу 150 метри од елитната туристичка населба Лагадин, се запали глисер. Претседателот на Црвен Крст- Охрид, Сашо Точков не информира дека нивниот брод амбуланта веднаш интервенирал на местото на несреќата. Екипата им пружила помош на три лица кои се наоѓале во глисерот, а неофицијално дознаваме дека станува збор за македонски државјани, кои биле со полесни телесни повреди. Само едно од лицата е префрлено на понатамошен третман  во болницата за трауматологија и ортопедија “ Св. Еразмо Охридски“.

zapalen gliserД-р. Горан Балев беше дел од екипата на Црвениот крст која интервенираше на местото на настанот. Балев потврди дека нема потешко повредени, што е најважно во овој несреќен случај.

„Големото пловило, односно бродот амбуланта го закотвивме и веднаш со малиот чамец стигнавме на местото на несреќата, по што веднаш интервениравме“ вели Балев и додава дека патниците се спасиле така што скокнале во вода од опожарениот глисер.

pozarnaПротивпожарното возило пристигна на местото на настанот со задоцнување од околу час и половина поради сообраќајниот метеж. Очевидци велат дека пловилото многу бавно горело, па поради тоа патниците во него успеале навреме да го напуштат истото.

Исто така додаваат дека на пловниот објект воопшто не се интервенирало со пренослив противпожарен апарат, кој пак секое пловило треба да го поседува.

Според неофицијални информации, пожарот најверојатно настанал заради неисправна инсталација. ТВМ уште дознава дека утрово во каналот Студенчишта токму ова пловило се сервисирало.

zapalen gliserОваа пловна несреќа за среќа е прва годинава и без жртви, но сепак, повторно го покренува прашањето за изградба на марина на Охридското езеро каде и соодветно ќе се врши сервисирање и техничка контрола на пловните објекти кои се се побројни во водите на езерото. Како и да е, изградбата на марина најверојатно во догледно време ќе остане само празно ветување од страна на политичките партии во предизборните кампањи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top