„Кралот на Ламанш“, го преплива Охридското езеро

Мајкл Рид, човекот кој триесет и три пати го препливал Ла Манш, на покана на великанот на македонското пливање Нико Нестор, ја преплива патеката “Климе Савин“ долга 30 километри.

 |  Крсте Голабовски  | 
Majkl Rid
Мајкл Рид

Мајкл Рид кој со своите 33 препливувања на Ламанш, со право го носи прекарот „Кралот на Ламанш“, вчера го преплива Охридското Езеро. Девет часа му беа потребни да ја преплива 30 километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Тој е маратонецот кој каналот Ла Манш само за една година го препливал 6 пати и тоа во далечната1979 година, рекорд кој сеуште никој од мажите не го соборил. Овој искусен маратонец, задоволен од условите и организацијата на самиот настан.

„Пливањето беше прекрасно, условите беа апсолутно совршени. Имав неверојатни пилоти, и мислам дека досега не сум имал подобри пилоти на ниту едно од моите пливања. Едно 5 минути имавме ветер, ги видов за момент знамињата и мора да беше посебно, беше совршено“ вели Рид.

Majkl Rid Мајкл Рид е роден на 9-ти Јуни 1941 во Брајтон, Велока Британија, а почнал да плива релативно доцна, на 14 годишна возраст. Се запишал во пливачкиот клуб во Брајтон во 1955 година и станал најмладиот член на комитетот на клубот во 1957 год.  Во периодот од 1969-1971 година станува судија на ФИНА. Тој е Британски школски шампион, Британски универзитетски шампион и вицешампион на Националните првенства во 1959 година. Истата таа година за прв пат на покана на великанот на Македонското пливање Нико Нестор го посетува Охрид, кога и се вљубува во Охрид и езерото.

„Оваа година ми се јави, и ми вика Нико јас сакам да го пливам Охридското езеро, а јас знаејќи дека годинава слави роденден, му викам ти сакаш да го славиш роденденот на охридското езеро, ме праша дали може да му организирам и целосно целата организација ја презедов преку друштвото „Охридски бранови“ кои можам да ги пофалам дека беа одлични во целата организација“ потенцира Нестор.

Majkl Rid i PetreskiСпортот е голем амбасадор на една земја, преку него се оставруваат огоромен број на пријателства, чиј круг, подоцна неконтролирано се шири, вели Нестор. Неофицијално, заеднички ќе работат и на други проекти, за кои начелно е постигнат и договор. Инаку, вчерашниот пливачки раритет го организира Клубот за спортови на вода “Охридски Бранови 2008” Охрид, а под покровителство на Пливачката Федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Денес најстариот пливач кој го препливал Охридското Езеро беше примен од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој за спортскиот подвиг, му подари реплика на златната маска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top