Ознака: охридската

bran

Новиот бран на ВМРО ДПМНЕ ја заплисна Охридската Капетанија

Post Views: 0 Според извори од владејачката партија, позицијата  ја напушта раководителот на Капетанијата во Охрид, Љупчо Настоски. Капетанот Настоски е на службен пат во Хрватска и не беше достапен за коментар. Од ВМРО ДПМНЕ  го потврдуваат она што  Телевизија ТВМ го објави пред извесен период , дека во рамки на новиот бран  ќе бидат сменети 7 лица од Охрид, кои се на чело на институции на локално ниво, или пак, во подрачни единици или сектори од државно ниво.     {loadposition content9}  

Continue reading

Aleksandra Beleska

Милион денари за охридската библиотека

Post Views: 8  Повеќе од милион денари средства за Охридската библиотека „Григор Прличев“. Министерството за култура на РМ рече „да“ за буквално сите проекти со кои оваа национална установа аплицираше минатата година. Најголем дел од одобрените средства ќе одат за збогатување на нејзиниот книжен фонд. Директорката на оваа установа, Александра Белеска истакна дека рокот за реализација на проектите е крајот на оваа година. „Ние како установа, сме должни до 01 јануари 2013 година да поднесеме детален извештај во министерство за изработените проекти. Министерството пак, го задржува правото...

Continue reading

ljuben arnaudov

Започна изградбата на општата болница

Post Views: 5 Ветено направено. Од фирмата „Виа Игнација“ денеска започнаа и со градежните активности во Општата Болница во Охрид. Сопственикот на Фирмата која го доби тендерот Ѓоко Угриноски во телефонскиот разговор истакна дека рокот од осум месеци нема да го пробие, не само затоа што доколку не се испочитува договорот пеналите се многу големи, туку и поради тоа што е човек од збор и добро си ги знае своите способности.   Од општата болница велат дека за да се скрати изгубеното време од фирмата  „Виа Игнација“ одлучиле истовремено да работат на повеќе позиции. Сведоци бевме дека...

Continue reading

Opshtina

Локалната самоуправа е загрижена за поморот на охридската плашица

Post Views: 11 Локалната самоуправа е загрижена за поморот на охридската плашица и бара итни и трајни решенија за подобрување на  ваквата алармантна  состојба. Надлежните државни органи кои стопанисуваат со Охридското Езеро и неговото крајбрежје, односно Министерството за транспорт и врски, под итно треба да го исчисти Студенчишкиот канал во кој има повеќе од еден метар неисчистена тиња. Со чистењето ќе се зголеми длабочината на каналот и влез на езерска вода полна со кислород, неопходен за преживување на плашицата. Вина сноси и ЕЛЕМ , кој во договор со Владата , за произзводство...

Continue reading

opsta bolnica

„ВИА“ ДОО Вевчани ќе ја гради охридската болница

Post Views: 13 До крај на годинава охриѓани ќе добијат болница. Вчера заврши електронската аукција за избор на најповолен изведувач за изградба и реконструкција на овој значаен објект, кој досега беше мета на разни политички препукувања и реакции на граѓаните на Охрид. „ВИА“ ДОО Вевчани е компанијата со најповолна понуда, која на вчерашната електронска аукција ја доби довербата пред бугарско македонската компанија и за 194 милиони денари ќе го гради овој капитален објект. За овој тендер немало голема конкуренција бидејќи Министерството за здравство имало поставено строги критериуми....

Continue reading

ikra

За неколку дена собрани 490.000 икра за вештачкиот мрест на пастрмката

Post Views: 0 На три  пункта: Трпејца, Пештани и Охрид за само 5 дена од почетокот на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка се собрани 490.000 зрна икра. Научните работници од Хидробилошкиот институт се задоволни од текот на ловот на пастрмката и процесот на мрестот на овој ендемичен вид на риба.„ Во споредба со минатата година сме на исто, а можеби и на подобро ниво . Во првите денови бевме разочарани од дувањето на ветрот и од слабиот улов. Охридската пастрмка сака мирна вода за мрестење, а не  разбранувано езеро“, вели Зоран Спиркоски раководител на одделението за аквакултура.Покрај,временските...

Continue reading

mrest

Доцни мрестот на охридската пастрмка

Post Views: 9 Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со дозволата ќе може да влезат во водите на Охридското Езеро, за да почнат со лов на овој ендемичен вид риба, со цел да соберат  икра за вештачко оплодување. Одговор зошто се доцни со мрестот побаравме од ресорното министерство.Портпаролот на Министерството за земјоделство,  шумарство и водостопанство, Тања Михајловска  информира дека за ден-два ќе почне мрестот....

Continue reading

licna karta

Службите за издавање биометриски документи ќе работат и во сабота

Post Views: 1 Наделжните во охридската полиција потсетуваат на крајниот рок за замена на личините карти кој истекува на 27 февруари, така што најголем број граѓани има токму во редиците за замена на тој вид документи, иако има и граѓани кои имаат намера да ги заменат сите останати документи, независно што рокот за нивна замена истекува на есен. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски изјави дека поради зголемиот број барања за замена на старите документи за идентификација со нови, службите каде се врши издавање нови и замена на старите документи од наредниот викенд ќе работат и во...

Continue reading

teatarska pretstava

Охридскиот Народен театар ви ја претставува „Ајде да си речиме уште една“

Post Views: 23 Селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање или тетарска претстава која на охридската публика ќе и понуди несекојдневна забава и уживање. Охридскиот Народен театар, ви ја претставува четвртата охридска премера насловена „Ајде да си речиме уште една“.Станува збор за своевиден мјузикл, работен два месеци, кој го поставува прашањето за народното творештво, вели Горан Стојаноски – директор на Н.У. Охридски Народен Театар.„Претставата е работена два месеци, ова е веќе четврта нејзина изведба, премиера може да се каже и она што е многу битно за оваа претстава е дека е...

Continue reading

biblioteka

Ќе се спаси ли охридската библиотека?

Post Views: 13 Можно ли е решение на долгогодишниот проблем на Н.У Библиотека „Григор Прличев“? Веќе 5 години како оваа установа едвај и да функционира на простор само од 250 метри квадратни, располагајќи само со елементарните услови за работа. Неодамна, од оваа установа е аплицирано до Министерството за култура со проект за нејзино просторно проширување со изградба на уште еден спрат, со што би се обезбедиле соодветните услови за  чување на нејзиниот голем книжен фонд. Од Министерството за Култура не информираа дека проектот е сеуште во фаза на разгледување од страна на соодветните...

Continue reading

Paloska

Охрид два пати ослободуван од фашистичкиот окупатор

Post Views: 0 Спроти Митровден, пред 67 години во едно многу студено  ноемвриско утро, послано со слана и сињак, партизаните од Охридската бригада предводени од комесарот Спасе, преку планина од Дебрца слегуваат во градот за да учествуваат во  ослободувањето на Охрид. На овој историски настан се присетува некогашниот  партизан, 90 годишниот  Милан Палоски еден од учесниците во нападот.  Неговата бригада броела  250 партизани, слабо вооружени и оскудно облечени.  Цел на нивниот напад била германската окупаторска војска  која од Охрид се повлекувала кон Драч, Албанија, раскажува Палоски.По...

Continue reading

proekt

Министерот Тодоров ја посети Опша болница

Post Views: 9 Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ја посети охридската Општа  болница и оствари средба со менаџерскиот тим. Тодоров при тоа најави негов личен ангажман за што поскоро надминување на проблемот околу реконструкцијата на старото болничко крило. „Станува збор за проблем на кој сум фокусиран уште од првиот ден од кога сум на чело на Министерството за здравство. Проблемот е во начинот на кој е изведена целата работа, проектот е прилично лошо направен и како резултат на тоа дојдовме до ситуација да размислуваме дали истиот да се реновира или целосно да биде урнат“,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top