Ќе се спаси ли охридската библиотека?

Дали е на повидок конечно решение на просторниот проблем со кој години наназад се соочува Охридската библиотека „Григор Прличев“?

 |  Крсте Голабовски  | 
biblioteka
biblioteka

Можно ли е решение на долгогодишниот проблем на Н.У Библиотека „Григор Прличев“? Веќе 5 години како оваа установа едвај и да функционира на простор само од 250 метри квадратни, располагајќи само со елементарните услови за работа. Неодамна, од оваа установа е аплицирано до Министерството за култура со проект за нејзино просторно проширување со изградба на уште еден спрат, со што би се обезбедиле соодветните услови за  чување на нејзиниот голем книжен фонд.

Од Министерството за Култура не информираа дека проектот е сеуште во фаза на разгледување од страна на соодветните комисии, а неговата судбина ќе се знае на почетокот на наредната година, после изгласувањето на буџетот на РМ.

Од Секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој не информираат дека според постоечката планска документација, за комплексот на центарот за култура во кој сега е сместена библиотеката, постојат услови за подигање на уште еден кат на сегашниот објект. Но, додаваат оттаму дека според неодамна донесениот Закон за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, сега судбината на овој проект е во рацете на Министерствата за култура и Транспорт и врски.

bibliotekaДиректорката на Завод и Музеј, Тања Паскали – Бунташеска не информира дека нивна задача е да ги изработат заштитните конзерваторски основи за проектот, а за него сепак ќе треба да одлучат соодветните комисии од двете министерства.

Во сегашното седиште на библиотеката има над 70.000 книги, но добар дел од книжниот фонд околу 50.000, по рушење на старата зграда, беше депониран во далеку полоши  услови, во некогашниот Музеј на Словенската писменост сместен во некогашната зграда на училиштето „Св. Климент Охридски“, Оттаму истиот уште еднаш беше преместен во дел од просториите на Центарот за култура.
Останува да се надеваме дека надлежните институции ќе се консолидираат и ќе изнајдат решение, зошто од ден на ден книжниот фонд ја губи битката со времето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top