Ознака: охридската

ezero

Никако да научиме

Post Views: 1 Проблем пред кој не смееме да замижиме. Вознемирувачки фотографии од  дното на езерото кои зборуваат за нови, големи количества цврст отпад на неколку локации на дното на езерото. Милутин Секулоски од Н.Ц „Амфора“ открива дека последните нивни нуркања зборуваат за нови мини депонии на езерското дно и тоа на локации чије загадување би можело да ја загрози егистенцијата на ендемските видови. „Би спомнал дека на местото каде се мрести Охридската пастрмка, најчистиод дел, веќе кон крајот на август се фрлени десет вреќи со градежен материјал и секојдневно гледаме дека на...

Continue reading

bolnica

Охридската болница повеќе од 12 часа беше во мрак, пацинетите нервозни

Post Views: 3 До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја. И други охридски пациенти во неможност да остварат телефонски контакт со болничката централа се прашуваа што се случува во болницата  дали станува збор за исклучување од електричната мрежа  за неплатен долг кон ЕВН или пак станува збор за дефект.Информацијата дека  болничкиот комплекс останал без струја повеќе од 12 часа ја потврдуваат и од ЕВН  и од болницата.Синоќа, болничкиот...

Continue reading

kasarna

Владата пишман аџија за охридската Касарна

Post Views: 7 Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го  додели на Министерството за образование.  Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства. Од пред неколку денови канацаларијата на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро е иселена од поранешното училиште Св „Климент  Охридски“. Канцаларијата е префрлена во простории на спортскиот комплекс Атина Бојаџи, кратко не информира Дејан Паноски претставик...

Continue reading

tomograf

Започна со работа компјутеризираниот томограф

Post Views: 4 Започна со  работа  долго очекуваниот компјутеризиран томограф во охридската општа болница. Ново формираниот Радиолошки центар доби најсофистициран апарат кој се користи во современата  радиодијагностика. Тоа ќе значи  скратување на  досегашните маки  на охридските пациенти. Тие ќе заштедат и пари и време, а ќе добијата брза и точна дијагноза со која навреме ќе биде третирано лекувањето. Пацинетите повеќе нема да патуваат надвор од Охрид или во другите здравствени установи, истакнува специјалистот  радиодијагностичар д-р Софка Маленко. Прегледите на ова одделение се...

Continue reading

kajcinja

Капетанија за интервенции располагаат само со еден чамец

Post Views: 3 Бродовите, глисерите, кајчината  во случај на непријатности во езерските води, на невреме или  на дефекти  можат за помош да се обратат во Охридската капетанија. Единствено трагањето по пловните објекти Капетанијата го прави  во соработка со езерската полиција вели Капетанот Љупчо Настоски. Капетанот  истакнува дека ги информираат  управувачите на пловните објекти преку  флаери и  им ги доближуваат правилата и начините како да дојдат до нивните услуги во случај на потреба. Од Охридската капетанија информираат дека во случај на ризични ситуации интервенираат со три лица...

Continue reading

Entity vo Grcija

„Ентити“ најдобри на Балканот во електронски спортови

Post Views: 12 Охридската екипа „Ентити“ се врати од Трикала, Грција со освоено прво место во електронските спортови. После успехот во националните кавлификации за светското првеснство што треба да се одржи во декември годинава во Кореа петчлената екипа во континуитет нижи успеси. И овојпат покажаа дека се најдобрите меѓу бројна  конкуренција на екипи од Балканот и од Израел. „Им покажавме на Балканот дека се најдобрата елетронска сила, а се подготвуваат за успех и во Кореа , вели челнот на екипата Јован Каланоски“. Спортистите од „Ентити“ во Грција отпатуваа во сопствена режија....

Continue reading

crven tepih

Првични импресии на учесниците на Фестивалот на француски филм

Post Views: 0 Фестивалот на француски филм полека се приведува кон својот крај. Охридската публика досега имаше можност внимателно да изгледа неколку филмови од француската филмска продукција. Овогодинешните учесници на фестивалот љубезно проговорија на средбата со новинарите и ги изнесоа своите видувања за четвртото по ред издание на фестивалот на француски филм и за приемот од охридската публика. Францускиот културен центар е еден од главните организатори и поддржувачи на овој фестивал. „Јас сум многу среќен што можевме да го организираме по четврти пат Францускиот фестивал во...

Continue reading

skuteri

Што се плови по нашето езеро?

Post Views: 17 Бројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем, но бројот на регистрирани, се намалува. Иако најновите податоци од Охридската капетанија го зборуваат спротивното, бројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем. Што поради законскииот вакуум, што поради несовесното однесување на учесниците во сообрќајот, проблемите остануваат. И покрај драконските казни за непочитување на Одлуката за ограничување на пловидба за пловни објекти, проблемите во пловниот сообраќај на нашите три езера остануваат. Немањето на служби кои ќе помогнат...

Continue reading

Gimnazija

Единствената Монографија за Охридската гимназија чека за печатење

Post Views: 0 Историчарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија. На подготовката на книгата која има 290 страници, Проф. д-р Митрески, вели дека макотрпно работел 4 години. Тој низ архивите прибирал огромна документација и фотографирал над 2000 документи. Професор Митрески  во Монографијата го опфатил  развојот на гимназиското образование во Охрид, почнувајќи од периодот на 19 и 20 век. Печатењето на Монографијата би чинело околу 60.000 денари. „Многу сум разочаран,...

Continue reading

Kaneo na Bing

Да се погордееме

Post Views: 1 Цркавата Канео и Охридското езеро за прв пат се најдоа на насловната страница на познатиот интернет пребарувач Bing. Сите интернет корисници во светот кои ќе го посетат Bing ќе ја видат прекрасната фотографија од охридската црква Св. Јован Канео, а во нејзината позадина се гледа едно од најубавите езера во светот. И не само тоа. Кликнете на линкот погоре а потоа  на насловната на Bing прошетајте со курсорот. Сликата вреди илјада зборови но за секој случај модераторите на пребарувачот решиле да стават и текстуални објаснувања. На самата фотографија има тагови кои линкираат...

Continue reading

biblioteka

Охридската библиотека, во друштво со европските

Post Views: 3 Нашата градска библиотека „Григор Прличев“, ќе биде дел од еден многу интересен библотекарски проект, неодамна промовиран на маргините на карневалот „Курентовање“  во Птуј, Словенија. Директорот на градската библиотека, Тоде Илиевски информира дека идејата на проектот е библиотеки од Балканот и Европа, заеднички да ги презентираат највредните печатени дела на кои самите се чувари. „Моја беше идејата да направиме книга со најзначајните ракописни книги, печатени што ги поседуваат овие седум библиотеки. Ќе биде издадена да се знае за што се работи“, вели Илиевски. Трудовите...

Continue reading

zlatara Goran

Златара „Горан“ под инспекциски надзор

Post Views: 17 Златара Горан под инспекциски надзор. Реакцијата на граѓаните и дуќанџиите во врска самоволието на поединци кои прават зафати врз своите деловни простори во строго заштитената зона, допре до уштите на надлежниот инспекторат. Утрово од страна на овластен градежен инспектор стопирани се зафатите врз златарата Горан која што се наоѓа во трговскиот центар АМАМ. Како што веќе ТВМ информираше сопственикот на дуќанот, Кире Булески вчера во два наврати изнесе две контрадикторни изјави. Најнапред рече дека ќе прави санација на фасада за која има одобрение од пред една година,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top