Никако да научиме

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Амфора“ донесоа нови, вознемирувачки снимки од дното на езерото. Цврст отпад дури и на локациите каде се мрести Охридската пастрмка.

 |  Крсте Голабоски  | 
ezero
езеро

Проблем пред кој не смееме да замижиме. Вознемирувачки фотографии од  дното на езерото кои зборуваат за нови, големи количества цврст отпад на неколку локации на дното на езерото. Милутин Секулоски од Н.Ц „Амфора“ открива дека последните нивни нуркања зборуваат за нови мини депонии на езерското дно и тоа на локации чије загадување би можело да ја загрози егистенцијата на ендемските видови.

„Би спомнал дека на местото каде се мрести Охридската пастрмка, најчистиод дел, веќе кон крајот на август се фрлени десет вреќи со градежен материјал и секојдневно гледаме дека на одредени локација се зголемува количеството на цврст отпад“ вели Секулоски.

snimkiЗначи ли ова дека нашата негрижа и кратковидост може да биде причина во иднина да останеме и без Охридската пастрмка? Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Локалната самоуправа, во соработка со Н.Ц. „Амфора“ отпочна  со реализација на проект со кој езерото би се ослободило од отпадот, но и би се направил обид да се подигне свеста кај населението, инструмент кој ни е потребен доколку сакаме долгорочно решение на овој проблем, вели ЈАсмина Момироска од Л.С. од Охрид.

„Тоа подразбира дека со овој проект ќе имаме увид во состојбата со цврстиот отпад на дното на Охридското езеро. Значи нуркачите ќе направат подводни снимки и фотографии на локациите каде што има цврст отпад на дното на езерото, а потоа ќе биде изработнеа карта односно зони на загаденост, ќе биде извршено мапирање и ќе излеземе со резултатите во јавност“, додава Мојсоски.

snimkiЕдна од фазите на проектот ќе биде и  одржување на трибина со локалното население и пошироко, за резултатите од проектот, трибина со која ќе се направи обид да се подигне свеста, а исто така ќе бидат поделени и флаери. Од Н.Ц „Амфора“ ќе се изработуваат месечни извештаи за ситуацијата, а што се однесува до средтсвата потребни за реализацијата на проект од ваков калибар, сега за сега се доволни, додаваат од центарот. Секулоски потенцира дека
Овој проект не е само да докаже дека има цврст отпад на дното на езерото, туку преку него сакаме да делуваме на свеста на граѓаните, а мора да постојат и санкции за несовесните граѓани. Без тоа нема решавање на овој проблем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top