Што се плови по нашето езеро?

Бројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем, но бројот на регистрирани, се намалува.

 |  Крсте Голабовски  | 
skuteri
skuteri

brodoviБројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем, но бројот на регистрирани, се намалува.

Иако најновите податоци од Охридската капетанија го зборуваат спротивното, бројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем. Што поради законскииот вакуум, што поради несовесното однесување на учесниците во сообрќајот, проблемите остануваат.

И покрај драконските казни за непочитување на Одлуката за ограничување на пловидба за пловни објекти, проблемите во пловниот сообраќај на нашите три езера остануваат. Немањето на служби кои ќе помогнат во наведувањето на пловилата, како и фактот што сеуште не се утврдени пловните патишта и коридори остануваат примарните проблеми во овој вид сообраќај.

gliserКазната за непочитување на одлуката за ограничување на пловидбата изнесува од 800 евра во денарска противвредност па нагоре, но сепак, таа не се однесува за пловните објекти кои се со снага помала од 45 кв, односно малите скутери. Од капетанијата тврдат дека вакви ги има околу пет, но истите сепак претставуваат опасност за капачите во летниот период. Првиот човек на Охридската капетанија, капетанот Љупчо Настоски информира дека коридорите на движење во водениот сообраќај, односно пловните патишта, барем за бродовите мора да се знаат, односно, мора да се знае кој брод во кој коридор би се движел. Тоа е нешто што мора час поскоро да се направи, додава Настоски. Што се однесува пак до бројот на новорегистрираните пловни објекти, од капетанијата велат дека во споредба со минатата година, бројот на новороегистрирани пловни возила е значително намален. За ваквата слика секако придонесува  и спуштањето во вода на пловила без нивна регистрација, а секако не смее да се заборави дека во вода се и спортските пловила кои не подлежат на регистрација, велат од охридската капетанија.

kajcinjaСе работи за спортските пловни објекти, кајак,кану,скиф,педалини. Сакам да напоменам и апелирам до сите кои издаваат педалини, на корисниците да им понудат елек за спасување, кој со законот за внатрешна пловидба е прецизирано и кажано дека на вакви пловни објекти мора да се носи елек за спасување.

Од охридската капетанија ја спроведоа акцијата за регистрација на сите пловни објекти кои подлежат на технички преглед за потврдување способност за пловидба, а исто така и за отстранување на пловните објекти кои се ставени во внатрешните води и сметаат на пловните патишта.Така, во уписникот на чамци се запишани 1017 пловни објекти, од кои скутери 336, глсиери 431, а чамци 251. Намален е и бројот на упис на странски пловни објекти кои сообраќаат во внатрешните води. Во однос на претходните години пријавени се само неколку случаи, а причина за оваа појава е немањето ни ординарни услови за наутички туризам.

skuteriПретходните години имавме и по 40 пријавени случаи на странски пловни објекти кои престојуваа по внатрешните води, вели капетанот Настоски. Наскоро треба да стапи на сила и Одлуката за ограничување на пловидбата за оние пловила со снага поголема од 45 кв заради заштита на природната средина на езерата. Ограничувањето важи од 20 јули до 20 август во времетраење од 11-18ч секој ден. Да се надеваме дека оваа летна сезона ќе биде една од оние кои ќе минат без никаков инцидент. Зошто иако од охридската Капетанија тврдат дека се целосно опремени за вршење на инспекциски надзор на внатрешна пловидба, и убедуваат дека секојдневно и се врши инспекциски надзор по однапред утврдени план и програма во соработка со езерската полиција, бројот на инцидентите од минатите години зборува сосема поинаку.

{loadposition conten9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top