Златара „Горан“ под инспекциски надзор

Неколкудецениската градежна експанзија во Охрид не ја поштеди ниту охридската чаршија. Некогашниот унифициран лик со препознтливи градби на старите еснафски дуќани, денеска се преобразија во кич на наводно пресликан европски тренд.

 |  Билјана Николовска  | 
zlatara Goran
златара Горан

Златара Горан под инспекциски надзор. Реакцијата на граѓаните и дуќанџиите во врска самоволието на поединци кои прават зафати врз своите деловни простори во строго заштитената зона, допре до уштите на надлежниот инспекторат. Утрово од страна на овластен градежен инспектор стопирани се зафатите врз златарата Горан која што се наоѓа во трговскиот центар АМАМ. Како што веќе ТВМ информираше сопственикот на дуќанот, Кире Булески вчера во два наврати изнесе две контрадикторни изјави. Најнапред рече дека ќе прави санација на фасада за која има одобрение од пред една година, а веднаш потоа изјави дека ќе прави решетки за да се заштити од крадци. Едната дилема ја разреши раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов, кој беше дециден во својата изјава дека нема одобрение за никаков зафат, а втората ќе ја дознаеме наскоро, бидејќи го очекуваме извештајот на општинскиот надлежен инспекторат.
zlatara GoranТВМ во неколку наврати има пишувано за видоизменувањето на охридската чаршија. Неколкудецениската градежна експанзија направи ова место да го изгуби белегот и шармот и да стане ни повеќе ни помалку циркус.
По скоро две децении интензивно градење на старата чаршија во Охрид променет и е личниот опис, па не е тешко да се воочи дека не останало ништо од нејзината некогашна душа. Чаршијата денес има само неколку дуќани во кои се негуваат традиционалните стари занаети. Денес еснафски дуќани на старите кујунџии, бисерџии, шнајдери, опинчари, калајџии и пекари е заменет со златарници, трговци, продавници за бела техника, продажни салони на мобилните оператори, банки и голем број бутици во кои се продава текстил, пред се, од Кина, Бугарија, Грција и Турција.
Старите охриѓани раскажуваат дека до пред триесетина години чаршијата била полна со дуќани на ковачи, самарџии, наланџии, бербери, златари, и трговци во вистинска смисла на зборот а не препродавачи како денес. Тогаш имало еснаф, живот, се помагале еден со друг.
Трката по профитот си го направи своето. Покрај изгубените традиционални содржини, во охридската чаршија исчезна и старата надалеку препознатлива архитектура која беше своевиден доказ на присуство на градби од 19 па и 20 век. Дрвените излози се менуваат со модерна алуминиумска дограма, а скоро и да нема дуќан кој не е реновиран и преуреден со модерен ентериер. Се ова допринесува со право да се каже дека во Охрид веќе немаме стара чаршија. Охриѓани не можат да се помират и со отстранувањето на калдрмата и сеуште не стивнуваат нивните бројни критики. Ако за сето ова оправдување е следењето на современиот тек на живот воопшто не е издржано. Доволно е да се направи една компарација со Дубровник каде кога станува збор за архитектурата и старата чаршија времето како да застанало.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top