Започна изградбата на општата болница

Започнаа гредежните активности за реконструкција на Охридската Општа болница.

 |  Маленкова Татјана  | 
ljuben arnaudov
љубен Арнаудов

Ветено направено. Од фирмата „Виа Игнација“ денеска започнаа и со градежните активности во Општата Болница во Охрид. Сопственикот на Фирмата која го доби тендерот Ѓоко Угриноски во телефонскиот разговор истакна дека рокот од осум месеци нема да го пробие, не само затоа што доколку не се испочитува договорот пеналите се многу големи, туку и поради тоа што е човек од збор и добро си ги знае своите способности.  

opsta bolnica Од општата болница велат дека за да се скрати изгубеното време од фирмата  „Виа Игнација“ одлучиле истовремено да работат на повеќе позиции. Сведоци бевме дека денеска се рушеше кровот од делот каде што некогаш беше сместена хируршката амбуланта. Првиот човек на општата болница рече дека покрај на овој дел друг тим ќе работи на северниот, а трет на јужниот дел.   
 
„Квалитетот исклучиво го даваат брендираните фирми, а тоа во случајов е фирмата за земјотресно инжињерство ИЗИИС.  Таа е најповикана во целата ситуација за да го потврди квалитетот на работењето. Деловите кои треба да се појачаат ќе ги појачаат, а тие кои се во ред нормално ќе ги работаат.  Додека со деловите кои се ѕидаат од почеток не треба да има никаков проблем. Мали проблеми очекуваме на вториот кат каде бидат сместени операционите сали“, истакна директорот на општа болница – Охрид, Љубен Арнаудов.
 
Арнаудов не сакаше да коментира за проблемите кои им ги нанесе фирмата Г.Б.С инжињеринг од Бугарија, поради која охриѓани над година и пол останаа без највиталните одделенија. Директорот само кажа дека и тој е еден од оние кои не се согласуваат со изјавите дека оваа фирма досега вложила околу 400 000 евра, затоа што на терен сликата е многу поразлична.
opsta bolnica Првиот човек на општата болница прецизираше дека градбата на старото крило од болницата ќе се одвива во повеќе фази. Една е градењето, а другата опремување со инсталација, инфраструктура и пропратни медицински елементи.

„Тука ќе доаѓа нова опрема. Ќе има гасификација на целата болница, потоа компјутеризација, а ќе се прават и нови сали по европски стандарди. Вториот дел е многу за нас покритичен и поважен. Но тука и ние како лекари ќе имаме поголем удел и мислам дека таа работа добро ќе ја направиме и треба да е функционална“, додаде директорот.

Според првичните проценки реконструкцијата на дел од охридската болница ќе чини околу 2 милиони и 600 илјади евра, но по се изгледа оваа сума нема да биде доволна за да се реализира се што е предвидено.
Среќна околност, но и надеж дека овојпат охриѓани навистина ќе добијат болница и тоа современа е ветувањето на премиерот дека без оглед на сумата, Охрид ќе добие болница каква што заслужува.

Од општата болница велат дека и покрај тоа што технички, од март 2012, тие требаше да си ги превземат пациентите, сега со новонатстанатата ситуација работите се променија, но и покрај тоа ветува дека во никој случај пациентите нема да останат на улица. И во следниве осум месеци додека се гради охридската болница продолжува соработката со болниците во Струга, Битола и Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top