Ознака: општина

Ramiz Merko

Економскиот развој на Струга е најважен

Post Views: 1 Општина Струга е една од општините подготвени да менаџираат со неизграденото државно земјиште, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Со Законот за менаџирање на државното земјиште на РМ, се задолжуваат сите општини за земјиште, за кое има чисти маркици и се донесени деталните урбанистички планови, да усвојат годишна програма за управување со градежно земјиште која за целото тоа земјиште ја носи Советот на општините. После одлуката на советот на општините таа, програма се доставува до Комитетот за управување со градежно неизградено земјиште. Овој комитет заседава во Министерството...

Continue reading

kontenjeri

Пуштени во употреба 402 контењери за селекција на тврд отпад

Post Views: 0 Советот на Југозападниот плански регион, солидно ја заокружи годинава. Значајни проекти се реализираа, а за наредната година во Бирото за развој и во Министерството за Локална самоуправа чекаат уште 10 големи проекти, се пофали претсдателот на ова тело Рамиз Мерко. Како добра реализација на еден важен проект, Мерко ги спомна новите садови за смет, кои според него се совршени за примарна селекција на отпад, а кои веќе се во рацете на ЈП на општините од југозападен регион. Покрај новите садови за одлагање на смет, општина Осломеј, кичевско, доби мерен уред за проверка...

Continue reading

Општина Охрид изнаоѓа разни механизми за справување со долгот

Post Views: 8 Општина Охрид досега има исплатено над 14 милиони евра од долгот кој го наследи од претходната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека се изнаоѓаат разни механизми за намалување на долгот и растеретување на жиро сметката на локалната. Општина Охрид изнаоѓа разни механизми за справување со долгот кој општината го наследи и кој изнесува околу 40 милиони евра. Борбата со долговите на општина Охрид се одвива на повеќе нивоа. Едно од нив е сервисирање и репрограмирање на тие долгови по основ на исплата на долговите на рати и преговарање со оние компании или физички...

Continue reading

Изгласан буџетот за Општина Охрид за 2017-та година

Post Views: 0 Советниците од опозицијата не гледаат развојни моменти во ова буџетско решение, додека, градоначалникот Бакарачески смета дека станува збор за буџетско решение со кое се прави компромис помегу задоволувањето на потребите на граѓаните и сервисирањето на огоромните долгови во кои се наоѓа општината. После вообичаено долга расправа, на денешната седница на совет, усвоен е буџетот на Општина Охрид. Со единаесет гласови за, шест против и еден воздржан изгласано е буџетското решение за 2017-та година тешко 553 милиони денари. Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески...

Continue reading

Свикана 66-та седница на советот на Општина Охрид

Post Views: 0 Утре со почеток во 10:30, градските советници ќе расправаат за последен пат во оваа 2016та година. Дневниот ред на шеесет и шестата седница на Советот на општина Охрид  ќе биде обременет со 36 точки. Градските избраници утре ќе расправаат по предлог одлуките за програмите за работење на секторите па така меѓу другото на дневен ред ќе се најдат предлог одлуките за усвојување на развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2017 – 2018 година, за заштита на животната средина и природата за 2017 година, управување со отпад на општина...

Continue reading

seminar

Дефицит на дефектолози во Струга

Post Views: 3 Само еден дефектолог на подрачјето на општина Струга се справува со децата кои имаат посебни потреби. Овој податок навистина е загрижувачки, со оглед на тежината на работата со која се соочуваат ваквите стручни лица. На територијата на општина Струга има голем број на деца со посебни потреби и еден дефектолог невозможно е да се справи со нив, вели Благица Чочороска, дипломиран дефектолог. Потребите на лицата со посебни потреби се големи и комплицирани, вели Мустафа Калиќи, директор на Општинското основно училиште од селото Октиси. Тој додава дека и покрај нивниот максимален...

Continue reading

Општина Охрид финансиски ќе ги помага граѓаните во социјален ризик

Post Views: 0    Продолжува финансиската поддршка на општина Охрид  за граѓаните од социјален ризик. Со средства од буџет во висина од 600,оо денари месечно ќе се субвенционираат давачките на овие граѓани кон  четирите општински јавни претпријатија. „Кон Проаква, Комуналец, Нискоградба и Градски гробишта. За Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, за  одведување на отпад до 150 денари , за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари  и покривање на трошоците за плаќање на такса за гробарина  во висина до 50 денари“, набројува  Томе Џамтоски портпарол...

Continue reading

voda

Во Струга се замати водата за пиење

Post Views: 4 Матна вода. Деновиве водата за пиење во Струга се замати. Стружани загрижени поради таквата состојба. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека досега никој не излегол да соопшти на што се должи таквата состојба. Првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека е запознаен со проблемот поради кој се замати питката вода и ја појасни причината за тоа.„Поради сушата во Беличките извори деновиве нагло дојде вода и ја поремети состојбата на водата, а имало и тектонски поместувања на тоа место. Но водата иако е матна не е штетна нема опасни примеси,...

Continue reading

Bejta i Merko

Министерот за локална самоуправа ќе ги решева проблемите на општините

Post Views: 15 Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на општина Струга и центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Од овие средби јас се информирам за секој проблем што го имаат градоначаниците“ истакна министрот Бејта. „ Како министер за локална самоуправа секој градоначалник што има проблем со централната власт може да ме информира за што јас сум спремен да дискутирам и да им помогнaм на општините. Со градоначалникот на општина Струга и претседател на Југозападниот регион разговаравме за многу проблеми како што е финасирањето на регионите и ветив дека...

Continue reading

Општина Охрид бара начини да се справи со затекнатиот долг

Post Views: 18 Долгот на општина Охрид е огромен финансиски товар за почеток на нови инвестициски зафати, вели градоначалникот Кирил Пецаков. Локалната власт ќе бара начини како да функционира понатаму во комплицираната финансиска ситуација со долг од 22 милиони евра. Ќе мора да најдеме решение, да се погрижиме за брзо време да функционира успешна наплата во даноците на имот и порамнување. Ќе имплементираме еден софтвер за наплата на даноци кој ќе ни ја даде јасната слика за кого и на кој начин се наплатувале даноците во општина Охрид. Ќе биде неселективен и прецизен, изедначен со...

Continue reading

Општина Охрид планира уште еднаш се задолжи кај Министерството за финансии

Post Views: 1 Советот на Општина Охрид даде зелено светло на Предлог одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2). Од советничката група на СДСМ овинуваат дека станува збор за задолжување на општината од 2 милиони евра за изградба на неколку улици, а не изградба на капитални профитабилни објекти, што во суштина се капитални инвестиции, односно ова се задолжувања кои нема да генерираат приходи. „Во ни еден нормален свет не постои такво кредитно барање преку кое ќе се задолжи некој за два милиони за да...

Continue reading

struga

Денови на историјата

Post Views: 1 67 години слободна Струга. На 08.ми ноември 1944 година после дваесет дневна битка со фашистичкиот окупатор ослободена е Струга. Овој ден сеуште го памети стружанецот 88 годишниот Илија Балоски, кај кој сеуште не избледеле спомените за тој настан. Тој воедно е последниот жив сведок од списокот на 25 те стружани кои биле во составот на Првата македонска бригада. Баловче вели дека денеска е голем празник во Струга, кој се слави по 67 пат.На плоштадот во Струга, на споменикот на револуцијата, свежо цвеќе положија здруженијата кои имаат врска со настаните од НОБ, во присуство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top