Ознака: општината

Советниците на Општина Дебрца одлучија, општината ќе додели еднократна парична помош за лекувањето на Сара

Post Views: 11 На 16-та седницата на Советот на општина Дебрца, советниците едногласно ја изгласаа предлог одлуката за доделување на помош за лекување на Сара Настеска во висина од 100.000 денари. На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор Anemia Aplastica, кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. За зафатот се потребни повеќе од 200.000 евра, кои ќе се искористат за лекување во Германија.

Continue reading

vmro dpmne

ВМРО – ДПМНЕ од Струга бара да нема етнички поделби

Post Views: 2 ОК на ВМРО – ДПМНЕ ги повика странските амбасадори во нашата земја, да ја  посетат Струга, пред да биде избран  претседател на Совет. Перо Петкоски претседателот на струшкиот огранок истакна дека на ваков чекор се одлучиле по барање од граѓаните, со цел да биде слушнат ставот и искуството на странските дипломати. „Ваши Екселенции, г – дин Волерс, Шчербак, Кристијани, Ивон, г- ца Стеинакер, Шуман и останатите. Ве покануваме, овде во Струга, додека не е избран претсесателот на Совет на општина Струга, да дојдете и да го пренесете вашиот став и искуство, како и чуството...

Continue reading

ubistvo

Приведен осомничениот за убиството на матурантот од Ѓорче

Post Views: 14 Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне. По синоќешните демонстрации во населбата, ситуацијата утрово е мирна. Ангел П. беше убиен вчера во близина на Европската очна болница во населбата Ѓорче Петров. Убиството се случи откако Насер Е. од дворот на куќата на жртвата украл велосипед. По кражбата, Ангел П. и татко му со автомобил почнале да го бркаат крадецот, а кога му се доближиле продолжиле да го бркаат пешки. Матурантот стигнал до крадецот и почнала тепачка меѓу нив. Неофицијално момчето...

Continue reading

Општината бара 12 лица за организирање на Јавни работи

Post Views: 1 Општина Охрид на ден 07.06.2018 година  објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 12 лица кои се заинтересирани за организирање на Јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации,лица од социјален ризик и лица кои се заинтересирани за лесна физичка работа. Акцијата ќе биде со цел заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, преку спроведување вакви работни акции( косење на тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на потегот од магистралниот пат од Хидробиолошкиот Завод...

Continue reading

sednicastruga

Струшкиот Совет ја одржа последната седница

Post Views: 8   Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам  и мајтапење на законските прописи.  Затуроски додава...

Continue reading

Општината ќе ги промовира приватни станоиздавачи и даватели на услуги во руралниот туризам

Post Views: 3 Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2018 година, Општина Охрид објави јавен повик за промоција на физички лица  кои вршат угостителска дејност, односно приватни станоиздавачи и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам. Кандидати кои можат да аплицираат се сите физички лица регистрирани во регистарот на физичките лица даватели на угостителски услуги (приватни станоиздавачи) и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам. Јавниот повик се однесува за онлајн промоцијата на туристичката понуда на официјалната веб страна на Општина...

Continue reading

Општината ги објави добитниците на средства за програми и проекти од јавен интерес

Post Views: 7 Познати имињата на здруженијата на граѓани и институции чии  програми и проекти од јавен интерес ќе бидат финансирани од општинскиот Буџет. Претставниците на здруженијата на граѓани и институции кои се избрани за доделување на финансиски средства, треба да се дојдат во Секторот за образование во ток од три работни дена, почнувајќи од утре, 17-ти април, со цел да ги потпишат Договорите за учество во финансирање на програми и проекти. Списокот на добитници може да се погледне ТУКА.

Continue reading

sednica

Одложено продавањето на објект на МЈП Проаква – Струга

Post Views: 1 Одложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина  точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на  претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса. „Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба...

Continue reading

Општината со мерки за подобрување на водата од цевководот на ЕМО

Post Views: 0 Поради последните три последователни негативни резултати добиени од анализата за исправност на водата кои се однесуваат за стариот цевковод од ЕМО Охрид, а со цел за заштита на здравјето на граѓаните од руралните подрачја на овој дел од општината, Локалната самоуправа на Општина Охрид даде налог на  МЈП Проаква Струга  РЕ Водовод Охрид да се превземат мерки за подобрување на квалитетот во водоснабдувањето во подрачјето каде што поминува овој цевковод . Мерките предвидуваат целосно прочистување преку хиперхлорирање, дезинфекција и санација на цевководот кое ќе се извршува...

Continue reading

struja

Вевчанци и Дебрчани, гневни на ЕВН

Post Views: 7 Вевчани од четвртокот, 6 ти декември, е без струја. Прекинот трае дури по 20 часови, вели првиот човек на општината Перо Илиевски. Тој потенцира дека дефектите со електричното напојување во општината се чести и поради тоа сериозно е загрижен. Илиевски образложи дека во текот на вчерашниот ден како и денес не работи детската градинка и училиштето, но и тоа дека револтот кај родителите и останатите граѓани се повеќе расте, поради дефектите на електричните апарати кои откажуваат поради немањето на струја. Се што е потребно од наша страна е направивено и доколку продолжи...

Continue reading

Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината

Post Views: 1 Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината. Тој рече дека се знае точно колку општината должи, но дека сега не е вистински момент за да се каже тој податок бидејќи во тек се преговорите со доверителите за опростување на дел од долгот или на дел од каматите. Ние дневно како општина губиме по 10 000 евра. Толку растат долговите на општината. Или претворено во број на вработувања секојдневно губиме по две вработувања во рамките на општината, кажа градоначалникот. Стојаноски посочи дека покрај финансискиот долг проблем на општината преставуваат...

Continue reading

Доделени стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците

Post Views: 0 Доделени се стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. За основците се доделени 40 стипендии и 40 за средношколците во висина од 1500ден. По 15 стипендии и за основците и за средношколците се за талентирани ученици и по 25 се за ученици од социјално ранливи категории. Овие стипендии се во износ од 1500ден. И денес заврши целата формалност околу доделувањето и тие ќе им бидат распределени на учениците, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локаланата самоуправа. Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top