Ознака: општината

За решавање на градските комунални проблеми охриѓани се обраќаат до сервисот за услуги во општината

Post Views: 6 Охриѓани за подобро комунално уреден град се обраќаат и до општинскиот сервис за услуги. Во изминатиов период барале решавање на проблеми од  урбанистичката сфера. Од секторот за урбанизам барале издавање на изводи од урбанистички планови, а од комуналниот сектор поставување на улично осветлување и замена на светилки, воспоставување на систенм на куќни броеви. Во обраќањата на граѓаните имало поплаки и  до комуналниот инспекторат, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „Најмногу барања има за постапување за подигање на градежен шут, пријави за незаконски дејствија...

Continue reading

ucilishte Struga

Образовните институции во Струга пред колапс

Post Views: 0 Училиштата во Струга, се во лоша финансиска состојба и во голем долг. Образванието во Струга пред колапс. И покрај големиот долг со кој се соочуваат струшките образовни установи, средствата од буџетот на општината за нив се намалени. Овие податоци се според информациите со кои располага советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, кои на последната седница на Совет и јавно ги обелоденија. Одговорот кој Аврамоски го побара за некоја наредна седница на совет, го доби веднаш од градоначалникот на општината Рамиз Мерко. Мерко рече дека во основните училишта недостасувале средства...

Continue reading

sednica

Локалната од Струга 6 години без статут

Post Views: 1 Патриотизам или договор. Струга е единствена општина во Македонија која работи без статут. Струшките советници никако да се договорат околу донесувањето на највисокиот општински акт, сататутот. Јулијана Зуноска од советноичката група на ВМРО – ДПМНЕ, го изнесе ставот на својата опција, каде децидно нагласува дека тие воопшто не се против донесување на статут на општината, но се против копијата на истиот кој падна на Уставен суд. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, смета дека потребна е подетална консултација меѓу сите засегнати страни. Според него албанскиот јазик...

Continue reading

ГЕОРГИЕСКИ ОБРАЗЛОЖИ ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА

Post Views: 0 Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид. Со цел да обезбедиме подобра функционалност на буџетските средства во насока на исполнување на приоритетните потреби и барањата на граѓаните, со денешниот ребаланс на буџетот вршиме внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа на секторите на општината. Согласно мојот принцип на транспарентност, сакам да ја информирам јавноста...

Continue reading

Општината повторно ќе го плати долгот за струја на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 15 Основното училиште „Григор Прличев“ повторно со општинска помош ќе го регулира  заостанатиот долг кон ЕВН, бидејќи е во неможност да го плати поради блокираната сметка за нерешени имотно правни односи. Охридските советници досега неколку пати се најдоа во ситуација да изгласуваат ваква предлог одлука, а барем засега долгорочно решение за проблемот не е постигнато. Советниците од опозицијата велат дека иако даваат поддршка на одлуката за излегување во пресрет на ова основно училиште, сепак сметаат дека проблемот суштински не се решава. Признаваат дека станува збор за...

Continue reading

Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства

Post Views: 0 Познати се проектите за кои општината одобри  финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик. Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа. Најмногу проекти со кои е...

Continue reading

Фасадата на општината ќе треба да се молерисува по синоќешниот протест на #Протестирам

Post Views: 0 Екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид, синоќа со дополнителна работа. Неколку пожарникари со помош на вода ја миеја општинската зграда од остатоците од фрлени јајца по завршувањето на вчерашниот протест на неформалната група #протестирам. На лице место, синоќа и секретарот на општината Димитар Спасески под чие будно око, пожарникарите ја чистеа општинската фасада. На синоќешниот протест на неформалната група #протестирам кои по втор пат од Охрид побараа оставка од претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов, настрада општинската зграда односно зградата...

Continue reading

опстина

Секретарот на општината возврати на пресот на СДСМ – Темата образование ја злоупотребуваат во политички цели

Post Views: 10 СДСМ и нивните коалициски партнери темата  образование неосновано ја  експлоатираат за добивање на политички поени. Јавноста тоа ќе го препознае затоа што градоначаникот и оваа локална самоуправа постојано инвестира во образованието, истакна  Димитар Спасески секретарот на општина Охрид  реагирајќи на денешениот прес на СДСМ. Тој порача дека седниците на совет се место каде што се посочуваат и решаваат проблемите, а не на прес конференции  што значи бегање од состојбите. Секретарот при тоа напомена дека училиштето во Трпејца не е во лоша состојба како што ја прикажуваат....

Continue reading

sednica

Управувањето со отпадот на општината-најдискутирана тема од советниците на денешната седница

Post Views: 2 Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016та година се чини беше точката која побуди најсериозен интерес и најопширна дискусија помеѓу градските советници на денешната 51 седница на Советот на општина Охрид. Немањето на регионална депонија што за жал постои веќе како децениски проблем на општината, како и дискусијата околу тоа дали на депонијата во Мауцкер сеуште се одлага отпад и дали е тоа само градежен или таму се одлага и комунален отпад беа само дел од темите кои ги покрена токму оваа предлог одлука која не доби зелено светло од градскиот совет....

Continue reading

Општината до 2017 год ќе ги реши комуналните проблеми на жителите од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“

Post Views: 5   Прашање на време е кога ќе завршат бројните комунални проблеми на жителите на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Како што ТВМ веќе информираше, жителите на овие две улици се пожалија дека немаат канализација, патот е каллив и неасфалтиран години наназад, немаат ниту улично осветлување а дополнителен проблем претставува депонијата во близина на  реката која поминува тука. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески рече дека овие потези се во рамки на тригодишната развојна програма на секторот 2015 – 2017 год. „Согласно плановите...

Continue reading

Pero Ilieski

Зли јазици

Post Views: 0 Зли јазици. Така градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, ги нарече најновите гласини во врска преговорите на централно ниво, за негово преминување во ВМРО НП. Илиевски во изјава за ТВМ кажа дека интересно било да се слушнат гласините од ваков карактер, кои според него биле далеку од вистината. Но Илиевски сепак знаел од каде дува ветерот. „Ги демантирам сите гласини за мое преминување во ВМРО – НП. Шпекулациите не се од оваа партија туку доаѓаат од кујната на екс градоначалникот на Вевчани, бидејќи и објавата во пишаните медиуми е во негов стил“ Илиевски рече дека...

Continue reading

Се крои буџетот на општината за 2016

Post Views: 2 Се крои буџетот на општината за 2016та. Граѓани, невладини организации и здруженија активно партиципираат во креирањето на програмите за работа на Локалната самоуправа. Денес се одржа јавна дебата за нацрт програмите и нацрт буџетот за 2016та. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека оваа постапка е согласно законската регулатива, но и начинот на работа на Локалната која се залага за транспарентност кон граѓаните. Многу добро функцонира овој модел на комуникација со граѓаните бидејќи многу нивни проблеми и потреби се доставуваат до нас или јавно се презентираат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top