Ознака: општината

Охриѓани се помалку се жалат на работата на државните службеници, тврди секретарот на општината Спасески

Post Views: 0 Извршувањето на работните задачи на седумдесет административни службеници  се под директен надзор на секретарот на општината Димитар  Спасески. Спасески два пати во текот на годината ги отценува како тие ја извршуваат нивната  работа. Се оценуваат по 9 критериуми  и се формира просечна оценка.Во неговиот мандат вели дека само еднаш изрекол  негативна оценка за работа на службеник, додава секретарот.„ Согласно законот едно негативно  оценување значи прераспределба на државниот службеник на работното место соодветно на неговото образование. Ако бил раководител на сектор...

Continue reading

pazar

Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка

Post Views: 6 Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен. Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга. „Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да...

Continue reading

narko centar

Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници

Post Views: 14 Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници Охрид, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за социјална работа и до детската градинка Развигорче.  Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Охрид истакна дека во соработка со општината и градоначалникот Никола Бакрачески работат на изнаоѓање решение за дислокација на овој центар. „Јас и во посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кој живеат тука бараме соодветен простор кој што мора да биде во државна или во општинска сопственост. Се надеваме...

Continue reading

Под силно полициско присуство општината денеска започна со отстранување на плажата Куба Либре

Post Views: 3 Под силно полициско присуство утрово започна уривањето на објектите на плажата „Куба Либре“ во Охрид  Правните застапници на концесионерите обвинуваат за незаконска постапка. Велат има грубо кршење на законите ,  јавното наддавање се уште не е завршено по вина на локалната власт  и не добиле   решение за уривање. „Сметаме дека има сериозно пречекорување на овластувањата од општината да решаваат надвор од правните регулации, односно раководење со крајбрежието на овој начин. Струјата е исклучена исто така противзаконски, објектот не работи очигледно имаме добра волја кај...

Continue reading

sdsm

Вмро Дпмне вработува партиски војници во администрација, обвинуваат охридските социјалдемократи

Post Views: 2 На Нова година и Божик  течеше оглас за 10 нови вработувања во општинската администрација, рече на денешната прес конференција советничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазареска. ВМРО ДПМЕН не реализира ни еден од капиталните проекти кои ги ветија, а немаат капацитет да организираат ни ефикасна и професионална општинска администрација, потенцира Лазареска. „ Се прашуваме зошто Бакрачески не ги искористи постоечките кадровски потенцијали во општината и ЈП туку ја оптеретува општинската каса со нови вработувања на партиски војници на ВМРО ДПМНЕ“, запраша  Лазареска. Во...

Continue reading

bozik gerijatrija

Социјалната заштита во градов ставена на маргините

Post Views: 6 Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман  за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во...

Continue reading

maucker

Се чисти депонијата на Мауцкер

Post Views: 3 Се чисти депонијата на Мауцкер. Екипи на Јавното претпријатие „Комуналец“ започнаа со интензивно чистење на градежниот шут и на останатиот отпад кој години наназад нелегално се депонирал таму. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека иако ова место било одредено само за времено депонирање на градежен шут тоа било злоупотребено и од некогашните раководства на ЈП „Комуналец“ и од граѓаните. Многубројните раководства особено во ЈП „Комуналец“ под превезот на „Чист Охрид“, за да си прават помали т-ци за депонирање на отпадот превземале недозволени активности ...

Continue reading

седница

Донесен буџетот за 2015та година

Post Views: 6   Буџетот за 2015та ќе тежи 913 900 000 денари. Денес после петчасовна бурна расправа беше донесен за некого реалниот, а за некого нереалниот буџет на општина Охрид. Опозицијата со став дека проекцијата на буџетот е многу ниска за да се реализираат сите развојни програми предвидени со него. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојановски вели дека буџетот не е развоен и не дозволува никаква светла иднина на градот. Она за што реагиравме ние беа лошите буџетски програми кои беа донесени  и нереалното буџетско плснирсње меѓутоа  во целина олкавиот буџет...

Continue reading

javna rasprava

Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та

Post Views: 1 Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та. Денес тие имаа можност да прашуваат, да сугерираат и да бараат од службите во локалната во буџетот за наредната година да предвидат средства за решавање на некои проблеми од сферата на комуналниот развој, сообраќајот, образованието, културатра или урбанизмот, кои за нив преставуваат приоритет. Но малата сала во општината остана празна. Освен двајца сограѓани и преставници од секторите и секретарот на општината немаше никој друг. Секретарот Димитар Спасески не беше затекнат...

Continue reading

седница

Локалната самоуправа ќе го плати догот за струја на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 9 Со едногласна одлука на охридските советници, општината ќе го плати долгот на ОУ Григор  Прличев кон ЕВН.  Со тоа Локалната самоуправа ја презема обврската на Основното училиште „ Григор Прличев“ за исплаќање на долгот кон ЕВН во висина од 813.000 денари за потрошена електрична енергија.  Градоначалникот Никола Бакрачески се заблагодари  на советниците за донесената одлука во интерес на 1100 основци да посетуваат настава во нормални услови. „ Јавно им се заблагодарувам на високата општествена свест  и на опозаицијата  и на владеачкото мнозинство за конструктивната  одлука...

Continue reading

osloboduvanje

70 години слободен Охрид

Post Views: 0 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска  и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.  За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата  историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните...

Continue reading

илија

За продажбата на земјиштето за изградба на 3 капитални објекти се огласи и Вмро Дпмне

Post Views: 8   Илија Аранудовски, координаторот на советничката група на Вмро Дпмне,  упати остри критики до своите колеги од опозицијата и се осврна на оправданоста од одлуката донесена за продажба на државното земјиште за изградба на трите капитални објекти за градот. „ Анализите направени од страна на стручни лица покажаа дека најбрз и најдобар начин е со продажба на земјиштето. На општината добро би и дошле приходите од продажбата на земјиштето и комуналиите, затоа што на општината,  на валста од ВМРО ДПМЕН и беше предадена со долг од над 33 милиони евра. Намерата е што повеќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top