Ознака: општината

ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД СВОИТЕ КОНТАКТИ СО СЛУЖБИТЕ НА ОПШТИНАТА ДА ГИ ОСТВАРУВААТ ТЕЛЕФОНСКИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ

Post Views: 0 Општина Охрид упатува апел и молба до граѓаните на општината да ги редуцираат своите активности во просториите на општинската зграда и своите контакти со службите на општината да ги остваруваат телефонски или електронски. Активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината се достапни на општинската веб страница. Во просториите на Општина Охрид се препорачува да влегуваат само странки кои имаат итни и неодложни работи поврзани со општината, при што задолжително треба да се носи заштитна маска и да се врши дезинфекција на раце. Овој...

Continue reading

Општината очекува помош од држвата за да продолжи со одстранување на бесправно изградените објекти на плажите и крајбрежјето

Post Views: 2 Општината очекува финансиска помош од државата за да продолжи одстранување на бесправно изградените објекти на плажите и крајбрежјето. Очекува на сметка да легнат 6 милиони денари бидејќи општината не е финансиски моќна да го продолжи започнатиот процес на имплементацијата на препораките на УНЕСКО. Ќе бидат одстранети објекти на 4 плажи кои не се во опфатот на ГУП и одстранувањето на нелегалните објекти на потегот кон Св. Стефан, информира градоначалникот Константин Георгиески. Градоначалникот кажува дека овие активности досега биле стопирани затоа што општината немала...

Continue reading

Пецаков: Ќе воведеме нов систем на функционирање на Општината за решавање на проблемите на граѓаните

Post Views: 1 Мини зафатот секако треба да биде почнување на вистинско функционирање на Општината односно локалната самоуправа во Охрид, односно отворен принцип на работа во Општината, каде што граѓаните ќе ги решаваат нивните проблем, а не да биде проблем за граѓаните дополнителен, истакна Кирил Пецаков, Градоначалник на општина Охрид. Ќе има воведување на сосема еден нов систем каде што ќе има буквално следење на предмети од самиот влез во архива па се до издавањето на даночното решение какво и да е. Тоа е еден нов систем на функционирање кое што на самите граѓаните ќе му го олеснат...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ИЗВРШИ УВИД НА ТЕКОВНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНАТА

Post Views: 3 Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на тековните градежни активности на повеќе локации во општина Охрид, кои се финансирани од општинскиот буџет. На улица „15-ти Корпус“ во тек е отстранувањето на стариот асфалт и се вршат подготвителни работи за поставување на новиот асфалтен слој на коловозот. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа улица, се врши и изградба на четири потпорни ѕидови, а во завршна фаза е поставувањето на тротоарските рабници. Градоначалникот беше во посета и на градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината

Post Views: 3 ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Како што велат од оваа партија, расходните ставки од општинскиот буџет мора да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и сограѓани во социјален ризик. Предлаат итно да се свика седница на Совет и да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени како патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози, кои очекуваат...

Continue reading

ОПШТИНАТА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРА НЕКОЛКУ МИКРОПРОЕКТИ

Post Views: 3 Специфичните стратегиски приоритети за развој на локалната заедница и подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните на Општина Охрид, се факторите кои се дел од процесите за реализација на програмите за поддршка на локалниот економски развој и туризмот. Соработката, меѓусебната доверба и активирање на сите чинители на економскиот и туристички развој во согласност со финансиските можности на локалната самоуправа ни овозможуваат ограничени но сепак, за микрозаедниците, многу значајни проектни активности кои и оваа година резултираа со имплементација на поголем број...

Continue reading

Стружани полесно до институциите во општината

Post Views: 0 Чекор по чекор низ постапките во општината. Млдите активисти од Центарот на заедницата при општина Струга, подготвуваат водич за граѓаните. Станува збор за активност со која на граѓаните на дланка ќе им бидат сервирани сите информации околу процедурите и постапките кои се потребни да ги знаат за што подобро да се снајдат низ институциите на општината. „Секој граѓанин ќе може да најде информации како да се обрати до општината, односно во секторите кои што имаат работа директно со граѓаните, кои се документите кои треба да ги достават, на пример во секторот за финансии,...

Continue reading

Општината ќе постапува и на објектите на шеталиштето Кеј Македонија

Post Views: 2 Општината ќе става ред и на кеј Македонија на објектите кои се наоѓаат вдолж шеталиштето. Голем број објекти ги прекршиле издадените одобренија од општината, вели градоначалникот Константин Георгиески, за ситуацијата и во овој дел од атрактивното крајбрежје. „ Таму состојбата е лоша како и секаде. Станува збор за полулегални објекти. Таму е издадено одобрение за поставување на урбана опрема, а урбана опрема според дозволите кои ги добиле од општина и за кои плаќаат надомест значи некаде настрешница, чадори и маси, а никаде не станува збор за застаклување, физичко затварање,...

Continue reading

vevcani

Вевчани, успешна општина

Post Views: 6 Од општина со над 32 милиони долг, Вевчани стана една од најуспешните мали општини во земјава, која со домаќинско работење успеа во изминативе две години да реализира низа проекти. Еден од најзначајните проекти беше изградбата на новата училишна зграда која обезбеди достоинствени услови за учениците од оваа година кои години наназад учеа во руинирани објекти. „Децата веќе 8 години учеа во многу лоши услови во општинската зграда во простори од 12 квадрати во еден тоалет одеа, 260 деца. Значи една цела генерација од 8 години завршија тука во општинската зграда“ –...

Continue reading

vevcani

Вевчанци за 20 дена ќе добијата спортска сала

Post Views: 22 Ќе се исполни одамнешниот сонот на вевчанската младина. За нецел месец свечено ќе биде пуштена во употреба новата сала, како што обелодени првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. Новата современа сала ќе биде од големо значење за сите вевчанци бидејќи уште од ова лето планирано било  да се формираат првите ракометни и кошаркарски тимови. Покрај овие спортови во салата ќе може да се игра одбојка и други спортови, вели Угриноски. „Спортската сала е од големиот тип сали, со 500 седишта, изградена е во 2014 година е во завршна фаза останаа уште да се постави...

Continue reading

ulici Struga

Струшкиот градоначалник го раскина договорот со старите и ангажира нови фирми да го чистат снегот од струшките улици

Post Views: 7 Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината. Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од 5...

Continue reading

Општината ќе ги разгледа законските можности во однос на владината препорака за прогласување на мораториум на градежните активности

Post Views: 3 Општина Охрид ќе ги преземе сите активности во согласност со законските прописи, со цел да се исполнат задолженијата кои Владата на Република Северна Македонија им ги додели на општините, за подобро и поефикасно спроведување на Препораките од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кои се во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско наследство. Општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување на мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top