• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охриѓани се помалку се жалат на работата на државните службеници, тврди секретарот на општината Спасески

Охриѓани се помалку се жалат на работата на државните службеници, тврди секретарот на општината Спасески

Охриѓани се помалку се жалат на работата на државните службеници, тврди  секретарот на општината Спасески.

 |  Валентина Неловска  | 

Извршувањето на работните задачи на седумдесет административни службеници  се под директен надзор на секретарот на општината Димитар  Спасески. Спасески два пати во текот на годината ги отценува како тие ја извршуваат нивната  работа. Се оценуваат по 9 критериуми  и се формира просечна оценка.Во неговиот мандат вели дека само еднаш изрекол  негативна оценка за работа на службеник, додава секретарот.
општина
„ Согласно законот едно негативно  оценување значи прераспределба на државниот службеник на работното место соодветно на неговото образование. Ако бил раководител на сектор и добил негативна оценка има право на жалбена постапка , секретарот на треба да му понуди друго работно место ако се случи   повторно да добие негативна оценка следува отказ, а со таа мерка немам искуство“, подвлекува Спасески.   
Спасески  напоменува дека ги отценува сите служби кои се под негова ингеренција и раководителите на секторите. Во  секторите каде што нема раководители, секретарот  се води како непосреден раководител на  вработените.

 

општина„На оние сектори каде што има квалитетни кадри кои ги исполнуваат условите и се со професионални квалитети се поставени раководители. Додека за оние каде што нема соодветни личности нема поствени, но тоа не го попречува норалното работење на секторот. Државните службеници работат согласно законот, а во тој контекс и  секретарот е директен претпоставен на секторот и не претставува проблем во секојдневното работење“, вели Спасески.

Секретарот напоменува дека е задоволен од работата на државните службеници по преземањето, како што вели на мерки и активности во насока на  подобрување на нивно поефикасно  работење во инетерс на граѓаните. Направиле многу во процесот на утврдување на  работните позиции и обврски со систематизацијата на работните места, како и во  мрежно поврзување на работата помеѓу опшинската и државната администрација. На отвотрените средби со граѓаните има се помалку поплаки насочени на  адреса на административните службеници, подвлекува  секретарот на општината  Димитар Спасески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top