Општината со мерки за подобрување на водата од цевководот на ЕМО

Поради последните три последователни негативни резултати добиени од анализата за исправност на водата кои се однесуваат за стариот цевковод од ЕМО Охрид, а со цел за заштита на здравјето на граѓаните од руралните подрачја на овој дел од општината, Локалната самоуправа на Општина Охрид даде налог на  МЈП Проаква Струга  РЕ Водовод Охрид да се превземат мерки за подобрување на квалитетот во водоснабдувањето во подрачјето каде што поминува овој цевковод .

 |   | 

Мерките предвидуваат целосно прочистување преку хиперхлорирање, дезинфекција и санација на цевководот кое ќе се извршува констатно и во иднина.

Поради тоа се известуваат сите корисници од овој регион кои се приклучени на цевководот, посебно оние субјекти кои имаат рибници, а се бесправно приклучени на цевководот, да превземат мерки за заштита бидејќи хлорирањето и употребата на хемиски средства ќе влијае негативно  на рибниот фонд.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top