Доделени стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците

Доделени стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2017/2018 година.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Доделени се стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. За основците се доделени 40 стипендии и 40 за средношколците во висина од 1500ден. По 15 стипендии и за основците и за средношколците се за талентирани ученици и по 25 се за ученици од социјално ранливи категории.

Овие стипендии се во износ од 1500ден. И денес заврши целата формалност околу доделувањето и тие ќе им бидат распределени на учениците, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локаланата самоуправа.

Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2017/2018 година. Општина Охрид ќе додели 20 студентски стипендии и тоа:
10 стипендии за редовни студенти од прва, втора, трета, четврта, петта и шеста година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји, за академската 2017/2018 година и 10 стипендии за редовни студенти од прва, втора, трета, четврта, петта и шеста година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во Македонија, за академската 2017/2018 година и живеат во потешки социјални услови. Висината на стипендијата ќе изнесува 3 000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2017/2018 година.

Основната интенција со овие стипендии е да им се помогне на талентираните студенти, но ја има и таа социјална димензија и интенција на локалната да ги стимулира тие студенти да се вратат во Охрид и тука да ги имплементираат своите знаења, вели Џамтоски.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот. Условите за пријавување можат да ги најдат на интернет страната на Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top