Приведен осомничениот за убиството на матурантот од Ѓорче

Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне.

ubistvo
убиство

ubistvoПолицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне. По синоќешните демонстрации во населбата, ситуацијата утрово е мирна.

Ангел П. беше убиен вчера во близина на Европската очна болница во населбата Ѓорче Петров. Убиството се случи откако Насер Е. од дворот на куќата на жртвата украл велосипед. По кражбата, Ангел П. и татко му со автомобил почнале да го бркаат крадецот, а кога му се доближиле продолжиле да го бркаат пешки. Матурантот стигнал до крадецот и почнала тепачка меѓу нив. Неофицијално момчето било прободено со два убоди од нож во пределот на срцето.

gjorce barikadiПо инцидентот жителите на Ѓорче Петров се кренаа на нозе, а состојбата утрово е мирна. За време на демонстрациите беа запалени и искршени неколку продавници и угостителски објекти, беа превртени автомобили и контејнери поради што неколку улици беа блокирани.
Општината Ѓорче Петров утрово упати апел до граѓаните на општината да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство.

„Советот и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на Општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Советот и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров упатуваат апел до граѓаните на општината да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство”, стои во писменото соопштение.

Општината ги повикува надлежните институции, а посебно Министерството за внатрешни работи, да ги превземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста и заштита на животот и имотот на граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top