Ознака: опасност

Drven Most

Дрвениот мост во Струга, јасна и присутна опасност

Post Views: 1 Дрвениот мост во Струга забранета зона. Од сите страни деновиве се поставени табли со кои се предупредуваат граѓаните дека истиот е опасен за минување и оти може да се сруши во секој момент. По многу години надлежните баш  пред туристичката сезона се одлучија да забранат комуникација по дрвениот мост. Граѓаните велат дека информативните табли не се пожелни среде туристичка сезона. Лошо време одбрале надлежните од Локалната самоуправа, коментираат граѓаните. Стручните лица пак со поинаков став. Велат дека подобро дрвениот мост да се затвори за употреба за време на сезоната...

Continue reading

sahta

Опасни шахти во Охрид

Post Views: 15 На улиците „Марко Цепенков“ и „Јане Сандански“, лоцирани се незаштитени  шахти кои преттавуваат опасност за пешаците. Првата е лоцирана на улицата „Марко Цепенков“ и веќе извесен период е без заштитен капак. Граѓаните реагираат стравувајќи за својата безбедност посебно во вечерните часови. Втората шахта е лоцирана на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“, поточно во близина на „Комерцијална банка“ и е посебно опасна бидејќи иако има заштитен капак, истиот е со неисправен механизам, па така шахтата делува дека е затворена.   Да се надеваме дека надлежните...

Continue reading

Star chinar

Дали старите охридски чинари се потенцијална опасност за граѓаните?

Post Views: 0 Дали и колку охридските чинари претставуваат потенцијална опасност за граѓаните? Состојбата во која се наоѓаат, барем овие кои се заштитени како споменици на природата донекаде дава право за сомнеж. Овие дрва кои се стари со векови имаат трули гранки надвиснати над приватни објекти кои доколку паднат ако ништо друго би направиле некоја материјална штета, а не дај боже и да повредат некого. Ги запрашавме охриѓани дали ти мислат дека чинарите во состојбата во која се наоѓаат претставуваат ваква потенцијална опасност. „Јас мислам дека претставуваат, ете сега најново што...

Continue reading

река

Исечено стебло и гранки во коритото на Коселска Река опасност од нејзино излевање

Post Views: 21 Исечено ореово стебло и фрлени гранки во речното  корито опасност да се излее  Коселска Река. Во близина на село Орман екипи на ЕВН  ги исекле стеблото и гранките и истите ги оставиле во речното корито каде се попречува водотекот. Неодоговорното однесување на екипите и доаѓањето на есенските дождови може да предизвикаат поплави од речното излевање, вели земјодeлецот од Орман, Ванчо Стојаноски. Сега стравува да не се повторат поплавите од пред две години. „Повеќе од еден месец вработените од ЕВН кои ја одржуваат трасата од далеководот од Охрид, Орман и Лакочереј, пресекоа...

Continue reading

sahti

Опасни шахти на ул „Железничка“

Post Views: 0 Опасни шахти на ул „Железничка“. Поголемиот број од ревизорните шахти се пропаднати односно дел од коловозот околу нив, а некои од нив се целосно уништени. Безбедноста на улицата е на лошо ниво поради тоа што шахтите се наквалитетно изработени, со месеци никој не ја санира состојбата иако тие го загрозуваат сообраќајот како и учесниците во него, реагираат мештаните од оваа улица. „Ете можевме да посведочиме каков е звукот кога кола ќе помине преку шахтата. Значи во ноќните часови не може да се спие, не од самата бучава не од возилата туку од ударот на шахтата. Откога...

Continue reading

ispituvawe

Охрид има квалитетна вода за пиење

Post Views: 12 Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори. Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на...

Continue reading

pozarna

Пламени јазици му се закануваа на охридското кале

Post Views: 8   Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот  утринава  од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од  ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да се...

Continue reading

karpos vojvoda

Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“

Post Views: 1 Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон  детското игралиште,  контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила.  Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат...

Continue reading

kino

Старото кино станува руина

Post Views: 2 Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар. Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на другата...

Continue reading

pat

Возачи внимателно

Post Views: 8 Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.Еден од нив вели: Секојдневно поминувам овде и тоа по неколку пати бидејќи живеам во Пештани. Многу е опасно. Се чудам како досега не се случила некаква несреќа. Надлежни за одржување на овој патен правец се од Македонија пат- секција Охрид. Тие пред пет години поставија заштитна...

Continue reading

kucinja skitnici

Стерилизација или азил за кучињата скитници

Post Views: 9 Од ЈП Комуналец не се согласуваат со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници. Директорот, Сашо Алчев, вели дека повеќе од една година имаат изготвено проект, во кој учествувал ветеринарот д-р Перо Божиновски, за целосно решавање на овој сериозен општествен проблем. Сакаме проблемот да се надмине со изградба на заеднички стационар и центар за азил на животните, во кој ќе учествуваат уште три општини од регионов. Покрај општина Охрид, проектот е во начело прифатен и од општините Струга, Вевчани и Дебрца,...

Continue reading

kanal

Нема опасност од поплави, речните корита ќе се чистат според програма

Post Views: 0 Ситуацијата со големите количини наврнат снег полека се стабилизира, но сега се надвиснува друг проблем. Неговото топење и евентуалните поплави кои би настанале како последица на топењето. Временската прогноза најавува пролетни температури, а со тоа и забрзано топење на снегот. Уште минатата недела, одделението за комунални дејности најави чистење на речните корита во регионов со цел спречување на евентуални поплави. Сепак недела дена подоцна, сеуште не се започнати ваквите зафати, а богами нема ништо ниту од ветената помош од Транспорт и врски. Од одделението за комунални...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top