Охрид има квалитетна вода за пиење

 

 

Охрид има квалитетна вода за пиење. Тоа го потврдија последните анализи од Центарот за јавно здравје. Но, сомнителен е квалитетот на водата во селските средини кои се снабдуваат од приватни водоводи. Граѓаните треба добро да размислат пред да се напијат вода од некое неиспитано место.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ispituvawe
испитување

Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори.ezero

Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на хлор во водата, се испитува нејзиниот органско-хемиски состав, а се прави и микробиолошка анализа. Ова е законска обврска која Центарот за јавно здравје мора да ја испочитува. Покрај рутинските контроли се прави и контрола на водата доколку има некои дополнителни индикации за тоа како што се обилните врнежи, сушните периоди или појава на некои подземни води во близина на резервоарите за вода. Михаилов вели дека најголемите проблеми се јавуваат во селските средини кои се снабдуваат со вода од приватни водоводи кои не ја хлорираат водата или тоа го прават недоволно. Поради тоа многу често во овие средини се јавуваат случаи на зараза со бактерии кои ги има во водата ва поголема количина од дозволеното.

Михаилов вели дека сите оние граѓани кои употребуваат вода што не е хлорирана самите си го сносат ризикот и се изложуваат на опасност од добивање на некое цревно заболување. Тој апелира да се избегнува конзумирање на вода од непроверени места и сомнителни водоводи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top