Нема опасност од поплави, речните корита ќе се чистат според програма

Снегот веќе почнува да се топи, а најавеното чистење на речните корита во Охрид сеуште не започнало.

 |  Мишел Наумоски  | 
kanal
канал

kanalСитуацијата со големите количини наврнат снег полека се стабилизира, но сега се надвиснува друг проблем. Неговото топење и евентуалните поплави кои би настанале како последица на топењето. Временската прогноза најавува пролетни температури, а со тоа и забрзано топење на снегот. Уште минатата недела, одделението за комунални дејности најави чистење на речните корита во регионов со цел спречување на евентуални поплави. Сепак недела дена подоцна, сеуште не се започнати ваквите зафати, а богами нема ништо ниту од ветената помош од Транспорт и врски. Од одделението за комунални дејности тврдат дека уште минатиот петок испратиле писмо до Министерството околу ветената финансиска помош при расчистувањето, но засега велат одговор нема.

Одделението за комунални дејности при локалната самоуправа вели дека безразлика дали ќе ја добијат ветената помош од Министерството за транспорт и врски, тие од другата недела ќе започнат со расчистување на речните корита во Охрид и охридско.
Се обидовме да стапиме во контакт со kanalМинистерството за транспорт и врски околу ова прашање, меѓутоа до започнувањето на нашиот дневник од таму не добивме никаков одговор.

За среќа, портпаролот на Центарот за управување со кризи, Надица В`чкова не информираше дека опасност од поплави не постои. Таа вели: „На последниот состанок на координативното тело на Центарот беше разговарано токму за оваа проблематика. Ситуацијата постојано се следи, меѓутоа нема опасност од поплави. Сите акумулации, дали природни или вештачки, се на ниско ниво поради претходната сушна година, па акумулациите имаат капацитет да ја примат водата што евентуално би надошла.“ Сепак се чини расчистувањето на речните корита и други акумулации ќе се врши согласно редовната програмата на Одделението за комунални дејности, а не поради некои вонредни состојби. За оваа цел општината издвоила вкупно 3.450.000 денари, а ќе се чистат коритата на реката Даљан, потоа Коселска река, Вапилица, Летничка река, поројот кај Рача, Скребатска Река, реката Черава како и чистење на дивите депонии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top