Ознака: одбележаа

Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.

Post Views: 2 Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна Македонија, Егејска...

Continue reading

Учениците од охридското економско училиште одбележаа 55 годиниод матурирањето

Post Views: 0   На охридскиот плоштад се сретна соучениците од некогашното економско училиште Мите Богоески. Средбата е јубилејна и се одбележуваат 55 години од завршувањето на средното стручно училиште од учебната 1958 -1962 година , напоменува Димче Стојкоски Лепи од иницијативниот организациски одброр. Средбата беше срдечна, се евоцираа спомени од другарувањето и училишните денови, вели Стојкоски.Се присетува на тие минати денови поминати во школските клупи кога како и сите средношколци биле темпераментни, потшепнувале, препишувале ,поткажувале и си помагале. „Нашата генерација...

Continue reading

Охридските Титоисти го одбележаа 25 мај

Post Views: 6 Здружението Титоисти од Охрид не го заборавија 25 мај Денот на младоста и раѓањето на Јосип Броз Тито поранешниот доживотен претседател на СФРЈ. Денес се одбележуваат 125 години од раѓањето на Тито, а од охридското здружение на пригоден начин го одбележа овој ден од поновата историја. „Постарите генерации се потсетуваат на Денот на младоста. Јас како млад секретар на здружението Титоисти од Охрид сакам да им пренесам порака на помладите генрации за не се заборави Јосип Броз Тито .Тој е личност која допринесе РМ како рамноправна членка во СФРЈ да влезе со свое име, јазик...

Continue reading

Основците од „Григор Прличев“ достојно го одбележаа својот патронат

Post Views: 1   На одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“, синоќа беше потпишан меморандум за продлабочување на соработката на училиштето со Гете Институтот. Директорката Силвија Мојсовска потсети дека соработката со ГЕТЕ Институтот била започната пред 7 години и нивното училиште е едно од трите во Македонија каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик. „Користат разни модерни техники и инструменти за работа, опремија и една училница и ова е само едно продолжување на соработката бидејќи веќе има нова директорката, и со тоа продолжуваме...

Continue reading

Денот на ослободувањето на Охрид, го одбележаа и најмладите, во реконструирани простории

Post Views: 0   Денес градоначалникот Никола Бакрачески пресече црвена лента во централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Повод за тоа беше пуштање во употреба на реконструираните и реновирани простории од овој објект. Бакрачески истакна дека со реконструкцијата на дел од објектот добиле простории кои ги задоволуваат хигиено – епидемиолошките услови за работа. „За таа цел заедно со Југозападниот плански регион дефиниравме како приоритет за оваа година да биде токму реконструкцијата на оваа градинка како дел од програмата на Југозападниот плански регион за изградба на...

Continue reading

titoisti

Охридските Титоисти со Марш на мирoт го одбележаа 25 мај Денот на младоста

Post Views: 25 Со Марш на мирот охридските Титоисти го одбележаа  25 мај Денот на младоста. Преку овој настан се одбележа  датумот на раѓање на Јосип Броз Тито,  навршувањето на  124 години од  неговото раѓање и на историјатат од минатото на државата, истакна  Томчо Алексоски  секретар на здружението Титоисти. „Се наоѓаме на поранешниот кеј Маршал Тито. Од тука сакаме на помладата генерација да ја потесетиме дека ние името на Јосип Броз Тиот  не треба да го заборавиме.Тито е човекот за прв пат ја призна Макеоднија во рамките на СФРЈ со свој устав во рамките на федерацијата со јазик...

Continue reading

Охриѓани го одбележаа меѓународниот ден за свесноста за аутизмот

Post Views: 3   И Охрид денес се обои во сино. Охриѓани го одбележаа меѓународниот ден за свесноста за аутизмот, 2ри април. Со интересен хепенинг на градскиот плоштад, Црвениот крст од Охрид, заедно со локалната самоуправа и Занаетчиската комора денес беше испратена порака за привлекување на вниманието на јавноста за постоењето на аутизмот. „Овој проект, односно проектот „Сложувалка“ започна пред неколку недели, и ќе трае до крајот на мај, во соработка со Занаетчиската комора од Охрид и со занаетчиите, организираме креативни работилници во просториите на Црвен крст од Охрид, каде...

Continue reading

Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и основното училиште „ Св. Климент Охридски“го одбележаа патрониот празник

Post Views: 6   Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. Оваа најстара образовна институција во градов која веќе 100тина години продуцира квалитетни кадри, синоќа со посебна програма му оддаде почит на светецот чие име го носи. Директорот на Гимназијата Ѕвонко Трпески рече дека името и делото на Св. Климент е вонвременско и дека голема чест, но и одговорност преставува залагањето да се оправда истото. Ние ја градиме иднината врз темелите на минатото, а при тоа го зачувуваме највредното и најскапоценото во овие времиња кои не ставаат на оваа...

Continue reading

avnoj

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го одбележаа Авној

Post Views: 1 Сојузот на борците и титоистите од Охрид и Дебрца традиционално го одбележаа 29-ти Ноември историскиот датум од  НОБ. За второто заседание на АВНОЈ одржано во Јајце на 29 и 30 ноември 1943 година и значајните историски одлуки посебно за македонскиот народ потсети историчарот професор Наце Иваноски. Со неколку одлуки Македонија за прв пат беше призната за рамноправна членка на федерацијата како држава, нацијата беше рамноправна со другите нации. На ова заседание беше призната и народноослободителната војска формирана на 18 август 1943 на Славеј. Уште една поважна одлука...

Continue reading

logo

Членките на Женски Центар Бисера ја одбележаа неделата за грижа на стари лица

Post Views: 1 По тој повод ги посетија старите лица во Геријатриското одделеније во Општата болница во Охрид. Таму членките од ова згдружение поминаа пријатни часови во дружење со нив.

Continue reading

patronat

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ со прекрасни кореографии, песни и танц го одбележаа својот патронат

Post Views: 0 Песни, танц, игри, кореографии, се во знакот на татковината…Црвената и жолатата боја буквално го обоија теренот во спортската сала „Билјанини Извори“, а сите родители, претставници од јавни претпријатија, политичари, граѓани можеа да уживаат во колоритната претстава на малите дечиња. 250 на број, дечињата и самите уживаа во претставата која тие ја приредија, а која никого во публиката не остави рамнодушен. Со свој придонес во големата свеченост учествуваа и средношколците од “Нико Нестор” од Струга кои се претставија со прекрасни народни носии од охридско-струшкиот...

Continue reading

Георгиески, Мерко и Џаколи во Поградец го одбележаа Денот на Охридското езеро

Post Views: 1 Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите и еколошките проблеми беше една од темите на која тројцата градоначалници на општините Охрид, Струга и Поградец денес разговараа во рмамките на одбележувањето на Денот на Охридското езеро. На средбата, која годинава се одржа  во Поградец се разговараше и за тековната соработка, но и   заеднички туристички пакет „Две земји, три градови една турисстичка дестинација“. Според охридскиот градоначалник потребно е обединување на трите општини долж крајбрежјето  за доследно спроведување на Планот за зачувување на  статусот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top