Учениците од охридското економско училиште одбележаа 55 годиниод матурирањето

Учениците од  охридското економско училиште одбележаа  55 години од матурирањето.

 |  Валентина Неловска  | 

 

На охридскиот плоштад се сретна соучениците од некогашното економско училиште Мите Богоески. Средбата е јубилејна и се одбележуваат 55 години од завршувањето на средното стручно училиште од учебната 1958 -1962 година , напоменува Димче Стојкоски Лепи од иницијативниот организациски одброр. Средбата беше срдечна, се евоцираа спомени од другарувањето и училишните денови, вели Стојкоски.Се присетува на тие минати денови поминати во школските клупи кога како и сите средношколци биле темпераментни, потшепнувале, препишувале ,поткажувале и си помагале.

„Нашата генерација беше цврста генерација. Тоа се докажа со тоа што 80 посто од нас заминаа на факултет. Дадовме допринос за државата, бевме на раководни места и никој не излезе со црн образ на работното место. Имавме соработка и по завршувањето на образованието си помагавме“, кажува Стојкоски.
На генерациската средба беше присутен и некогашниот професор Видое Видически, познат охридски културен деец.Среќен сум што по толку години се среќавам со своите ученици, вели Видически.

„ Верувајте, горд сум на генерацијата која сум ја водел, воспитувал .Сите се на ниво на времето во кое живееме. Тоа е значајно за човек кој учествувал во создавањето на околината , на градот во кој живеел и бил расадник во нашата култура, историја и во сите други области“, подвлекува Видически.

На средбата не присуствуваа сите поканети од матурирањетод генерацијата  1958 -1962 година , посочува Стојкоски, сепак годините си го прават своето. Но, иницијативниот одбор има намера генерациската среда за 6-те децении од матурирањето да ја одржи во соседните градови Струга или Ресен од каде што имале свои другари кои учеле во срдното економско училиште Мите Богоески. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top