• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Денот на ослободувањето на Охрид, го одбележаа и најмладите, во реконструирани простории

Денот на ослободувањето на Охрид, го одбележаа и најмладите, во реконструирани простории

Денот на ослободувањето на Охрид, го одбележаа и најмладите. Денес со пригодна свеченост децата од ЈОУДГ одржаа приредба. Исто така беа ставени во употреба реконструираните и реновираните простории во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Денес градоначалникот Никола Бакрачески пресече црвена лента во централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Повод за тоа беше пуштање во употреба на реконструираните и реновирани простории од овој објект. Бакрачески истакна дека со реконструкцијата на дел од објектот добиле простории кои ги задоволуваат хигиено – епидемиолошките услови за работа.

„За таа цел заедно со Југозападниот плански регион дефиниравме како приоритет за оваа година да биде токму реконструкцијата на оваа градинка како дел од програмата на Југозападниот плански регион за изградба на енергетски ефикасни објекти во југозападниот плански регион и сметам дека не погрешивме и го направивме најдобриот избор. За таа цел се издвоени 16,4 милиони денари од кои 3,5 милиони денари издвои општина Охрид, односно Локалната самоуправа“

Бакрачески пoсочи дека реконструкцијата на објектот опфатила поставување на специјална термоизолациона фасада, санирање на кровната конструкција, замена на дотраената дрвена столарија и поставување на нови ПВЦ врати и прозори, како и реконструкција и доопремување на санитарните јазли, со што за прв пат во нив има топла вода. Додаде дека како приоритет за наредната година е изнаоѓање можности да ги завршат сите подготвителни работи во делот на изработка на една проектна документација и да ги запазат роковите за аплицирање во Југозападниот плански регион за што се надева дека во наредната година ќе има можност да реконструираат уште еден објект, воспитно образовен, односно еден од објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Ми претставува особена чест и задоволство, што денес заедно со градоначалникот имавме можност да бидеме дел од оваа церемонија од завршувањето на реконструкцијата на објектот „Јасна Ристеска“, истакна директорката ја Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска.

„Во оваа прилика сакам да нагласам дека средствата за реконструкцијата на објектот беа одделени од страна на Владата на Република Македонија, од националниот буџет преку програмите за рамномерен регионален развој на министерството за локална самоуправа и бирото за регионален развој. Ја користам оваа прилика да изрзам јавна благодарност до градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и општина Охрид за одличната соработка што ја имаме и за поддршката што ја дава на Центарот за развој на југозападниот плански регион и се надевам како што кажа градоначалникот и наредната година да реализираме ваков успешен проект на објект сличен на овој и ќе ги подобриме условите за престој и работа во одредени установи“.

Негувателката Мирјана Аслимоска беше удостоена со благодарница за нејзината 34 годишна работа во оваа установа. Таа вели дека во текот на својот работен стаж се соочила со разни случки со децата но сите биле спонтани и доминирала детската невиност.

„Чест ми е што ја добив оваа благодарница и тоа е круна на моето долгогодишно работење. Нашата работа е најблагодарна и најубаво е да работиш со деца

Малите групи на дечиња приредија прекрасни точки на кои сите се восхитуваа. Танцуваа и пееја во ритамот на музиката со одбрани кореографии согласно нивната возраст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top