Основците од „Григор Прличев“ достојно го одбележаа својот патронат

Основците од „Григор Прличев“ синоќа во ЦК приредија одлична свеченост по повод патронот на нивното училиште. Директорката Силјвија Мојсовска истакна, дека ова училиште континуирано открива нови таленти во различн образовни струки кои допринесуваат нивното школо да го зачува високото реноме кое го ужива години наназад.

 |  Николоска Биљана  | 

 

На одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“, синоќа беше потпишан меморандум за продлабочување на соработката на училиштето со Гете Институтот. Директорката Силвија Мојсовска потсети дека соработката со ГЕТЕ Институтот била започната пред 7 години и нивното училиште е едно од трите во Македонија каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик.

„Користат разни модерни техники и инструменти за работа, опремија и една училница и ова е само едно продолжување на соработката бидејќи веќе има нова директорката, и со тоа продолжуваме и понатака. Оваа паралелка кога доаѓа во 6 то одделение работи по нова програма, односно напреден курс и учениците ќе имаат придобивка но и самото училиште“.

Денешниот повод за одбележување на уште една активност со предзнак од пријателска Р Германија и општина Охрид е мошне значаен за продолжување на успешната соработката и во иднина, истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески.

„Имаме уште една одлична можност и чест да поздравам еден значаен настан со кој ќе се одбележи серијата на одлична заедничка соработка помеѓу Р Германија и општина Охрид, кои во низа од неколку години се реализираат почнувајќи со исградбата на каптажите во Куратица

Директорката на Гете Институтот Тања Кригер истакна дека биле многу задоволни од досегашната соработка со ОУ Григор Прличев и воопшто со општина Охрид. Таа посебно ја пофали активната соработка со трите наставнички од ова училиште кои ги посетуваат нивните курсеви и цело свое стекнато знаење несебично им го пренесуваат на учениците од германските паралелки.

„Од минатата година Гете Институт кој порано беше канцеларија за врски, прерасна во вистински институт и ние ќе ја продолжиме соработката во целата држава. Бројката постојано се искачува како на учесници кои што го посетуваат курсот во ГЕТЕ Институтот и го изучуваат јазикот а посебно на лицата кои што го полагаат испитот по германски јазик и тоа не се задржува само на нивото… ајде според европската референтна рамка на јазиците јазиците туку тие одат многу повеќе, бидејќи за работа и студирање на медицина им треба повисоко ниво“

Синоќа во ЦК „Григор Прличев“ на ликовна изложба беа претставени најдобрите ликовни творби на училишниот конкурс по повод патрониот празник, а исто така беа врачени наградите за најдобрите литературни творби на младите автори од училиштето. Директорката Мојсовска силно верува дека ОУ „Григор Прличев “, со вакви таленти успева да го задржи високото реноме што го ужива ова училиште.

„Училиштето понатака го гледам во стекнување на учениците на знаење квалитет да ја вратиме концентрацијата, за да може тие знаења практично да ги употребат во нивниот живот да можат да го олеснат понатаму“

Одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“, беше заокружено со свечена приредба што се одржа во центарот за култура. На истата учествуваа учениците од 1 до 9 то одделение. Тие навистина се покажаа во вистинско светло, одлично подготвени од нивните ментори и соживеани со дадената улога. Настапот на хорот, дел од драмата Мис Стон, музика, текст и драматизација на филмот Исправи се Делфина, бројните танцови точки, настапот на најмладите изучувачи на германскиот јазик во бојата на германското знаме, музичката точката од Фроузен, од филмот Војна на звездите, младите каратисти како и настапот на соло изведбите на учениците од ова школо направија неповторлива атмосфера, во која уживаа присутните во преполнетата сала во ЦК „Григор Прличев“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top