Ознака: овој

parking

Подземни и катни гаражи во Охрид

Post Views: 1 Гаражни куќи и подземно паркирање за решавање на најголемиот сообраќаен проблем во градот. Во работната верзија на Предлог Нацрт деталниот урбанистички план, кој се однесува на урбаните блокови Табана и Ривиера стои изградба на неколку гаражни куќи. Со овој Предлог УП, подземно паркирање е предвидено за градскиот плоштад, зеленилото кај кружниот тек и покрај кејот кон хотел „Палас“, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.  Тој додава дека моментално, со поставените три рампи, се контролира и користи простор за паркирање на само 80 автомобили. „Со...

Continue reading

saem

Охрид во јануари по четврти пат домаќин на туристички саем

Post Views: 3 Од 17-ти до 20-ти јануари  Охрид ќе биде по четврти пат домаќин на туристичкиот саем. Концепцијата на саемот овој пат е видоизмената. Се напушта класичниот начин на саемското организирање нагласува директорот на агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски.„ Интерактивната концепција има за цел да се воспостави комуникацијата меѓу туристичките работници, туроператорите и локалните самоуправи кои треба најодговорно да ја подобрат инфраструктурата во туристичките места“.-Зоран Стрезоски, директор на Aгенцијата за поддршка и развој на туризмот.                      ...

Continue reading

rushevina

Сами од себе нема да се санираат

Post Views: 10 Да можеа да зборуваат опасните рушевини во градов ќе имаа што да кажат. Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, постојат неколку ризични куќи кои од забот на времето се распаѓаат и претставуваат вистинска опасност по безбедноста на луѓето. ТВМ во неколку наврати информира, предупредува и апелира за можните последици доколку истите сами се срушат, но надлежните досега не мрднаа ниту со малиот прст. Реагираа и граѓаните кои живеат во непосредна близина на опасните објекти. Тие позади камерата на ТВМ велат дека сериозно се загрижени за безбедноста...

Continue reading

ulica vo kal

Во центарот на Охрид, но сеуште во кал и прашина

Post Views: 3 Во 21-от век, а секојдневно кал или прашина пред нашите домови. Со овие зборови жителите кои живеат на улицата „Анастасија Узунова“ лоцирана во централното градско јадро, се обратија за помош до нашата телевизија. Тие велат дека веќе неколку пати се обратиле и до Локалната за помош, но оттаму само со ветувања за скоро решение на проблемот. Инаку, пред извесен период на оваа улица беа изврешени зафати на канализационата мрежа, па сега состојбата е во целост неподнослива, додаваат жителите. Се обративме до Одделението за комунален развој и сообраќај, од каде не информираа...

Continue reading

parkiranje

СВР не простува, постојано крева автомобили

Post Views: 11 Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...

Continue reading

Sobranie na RM

Закон за Охрид…конечно?!

Post Views: 8 Законот за Охрид на кој веќе две години се чека, конечно ќе се најде во собраниска процедура.Досега ниту една владеачка гарнитура не го донесе овој закон, иако беше најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури. На денешната седница на пратенички прашања, од страна на пратеникот Александар Николовски, беше поставено прашање до министерот за  култура г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска, по однос на изработката на специјализиран закон за заштита на градот Охрид. Канчевска со одговор дека законот е веќе изработен и е доставен на мислење во соодветните...

Continue reading

smetka

Надградени сметките на ЈП „Нискоградба“

Post Views: 37 Охриѓани ги добија првите сметки од новоформираното претпријатие „Ниско градба“. На нив може да се забележи дека покрај ставката за одведување на отпадни води има и втора ставка одведување на атмосферски води. Трошокот за одведување на отпадни води, досега се наплатуваше во сметките на МЈП Проаква во кои на оваа ставка во новите сметки сега стои „0“ денари. Во првите сметки од „Ниско градба“ надоместот за одведување на отпадни води за физички лица изнесува 57 денари, а за правни околу 100 ден. Неодамна за ТВМ првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски изјави...

Continue reading

Stefan Dimoski

Фатен разбојник

Post Views: 6 Расветлени две кривични дела разбојиштво.  Предраг П. осомничен дека е сторител на две кривични дела „Разбојништво“. СВР против овој (39) годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот, кривичните дела ги сторил синоќа во киоскот „Кенгур-пром„ на улицата „Галичица„ и на 17-ти овој месец во Аптека „Виола„ на улицата „Сирма Војвода„ Тој го искористил моментот кога во објектите немало други луѓе и маскиран со плетена капа и шал, влегувал во објектот и под закана со нож, од вработените барал и одземал пари. „Имено вчера околу 18.10 минути извршено е разбојништво...

Continue reading

NP Galicica

НП „Галичица“ небезбедна во зимски услови

Post Views: 4 Секоја обврска носи одговорност. Како што е познато од 15 ноември до 15 март, согласно програмата на Агенцијата за патишта и годинава патниот правец према „Галичица“ е затворен за сообраќај. Советниците на општина Охрид велат дека секоја година се соочуваат со истиот проблем, кој треба да се надмине. Претставникот на Комисијата за јавни и комунални дејности Јоне Станкоски, рече дека имаат програма за зимско одржување на локалните патиштата и доколку им се дозволи можат да се грижат и за патниот правец према НП „Галичица“. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески...

Continue reading

zabraneto pusheneje

Да се пушит или не?

Post Views: 7 Веруваат ли Охриѓани уште во Законот за забрана од пушење на јавни места? Ќе се успее ли во спроведувањето на овој закон со кој требаше да се обезбедат средства и за целосно реализирање на националните програми за здравствена заштита на населението како и за лекување на населението од болестите кај кои пушењето е директна причина за смрт? Мислењата на охриѓани, поделени.Институциите надлежни за спроведување на овој закон големи оптимисти. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид, Законот максимално се почитува....

Continue reading

Vodici 2009

Кој ќе биде новиот кум за Водици 2011

Post Views: 0 Во тек е огласот за кандидатура за кум на оваа манифестација. Томе Тримчев од Здружението „Богојавление“, информира дека до сега до здружението се пристигнати две кандидатури. Инаку, носителот на оваа престижна улога ја има честа да го прими и дарува оној кој ќе го фати светиот крст и да се грижи за покривање на материјалните трошоци. Кумот го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници,...

Continue reading

zgradi

Охрид исполнува услови да се справи со државното земјиште

Post Views: 2 Општина Охрид ги исполнува условите за процесот на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште. Владата на Р. Македонија го има разгледано нацрт Законот и веќе е стигнат до Парламент. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како член на Управниот одбор на ЗЕЛС заедно со останатите градоначалници од земјава имаат околу 20 забелешки. Петрески верува дека Владата ќе ги прифати забелешките, како заеднички став на сите градоначалници. Тој изјави оти добар дел од општините ги исполнуваат условите за отуѓување на земјиштето, а посебно ја посочи општина Охрид која...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top