СВР не простува, постојано крева автомобили

Пајак службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори.

 |  Татјана Маленкова  | 
parkiranje
паркирање

ShikaleskiПајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори.

Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури и кога ќе подзастанеш на неколку минути или пак ако си во посета на некого“, велат дел од жителите на оваа населба.

Акцијата со подигнување на автомобилите по налог на  СВР, ја спроведува Јп Охридски комуналец, локалната самоуправа нема никакви надлежности со тоа, вели раководителот на одделението за сообраќај при локланата самоуправа Зоран Шикалески.

Шикалески додава дека акцијата на СВР го опфаќа централното градско подрачје,  а не само одредени населби. Општина Охрид издвои многу средства за реконструкција на улиците и тротоарите, а факт е дека граѓаните ги злоупотребуваат и ги користат за паркирање, додва тој.

При подигање на моторни возила со пајак се јавуваат и бројни проблеми,  не само на сметка на граѓаните, туку и обратно. Необично и неразбирливо е како пајак службата во пакет со возилото ги подига и возачите што како настан веќе е регистриран во близина на пазарот. Дали во овој случај казнената мерка има двоен аршин и како ќе се оправда тимот на пајак службата за ваквите постапки одговорот лежи во СВР.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top