Подземни и катни гаражи во Охрид

Со подземното паркирање, ќе се реши најголемиот сообраќаен проблем во централното градско јадро.

 |  Крсте Голабовски  | 
parking
паркинг

OhridГаражни куќи и подземно паркирање за решавање на најголемиот сообраќаен проблем во градот. Во работната верзија на Предлог Нацрт деталниот урбанистички план, кој се однесува на урбаните блокови Табана и Ривиера стои изградба на неколку гаражни куќи. Со овој Предлог УП, подземно паркирање е предвидено за градскиот плоштад, зеленилото кај кружниот тек и покрај кејот кон хотел „Палас“, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.  Тој додава дека моментално, со поставените три рампи, се контролира и користи простор за паркирање на само 80 автомобили.

„Со ова решение кое сега се предлага, ќе има влез излез кај Летница и кај хотел„Ривиера“. Капацитетот за паркирање ќе изнесува 475 возила“, кажа Арнаудов.

Арнаудов вели дека станува збор за ставање во функција на простор, кој не е искористен и кој нема содржина. Раководителот на Секторот за урбанизам потенцира дека, со подземниот паркинг простор плус гаражната куќа планирана во комплексот кај Центарот за култура, во целост ќе биде решен проблемот со паркирањето во централното градско јадро и дел од жителите на Месокастро и Варош.

Од Секторот за урбанизам велат дека ќе се извршат геолошки испитувања, кои ќе покажат дали дел од овој простор ќе биде подигнат над нивото на теренот или не. Останува да видиме дали овој проект кој многу наликува на Струмичкиот плоштад, конечно се најде на вистинската локација и ќе успее да го реши проблемот со пракирањето кој со години ги мачи жителите од стариот дел на Охрид.

Со изградбата на оваа подземна гаража, плус гаражните куќи кои се планира да бидат изградени кај Горна Порта и Градскиот пазар ќе биде исполнето барањето на УНЕСКО, во стариот дел на Охрид да нема воопшто сообраќај, а жителите од овој дел ќе може да ги паркираат своите возила на локација многу блиска за нив. Раководителот на секторот за урбанизам вели дека заинтересирани за изградба на овие објекти има, но потребна е добра воља за да овој проект биде во целост организиран. Тој додава дека целиот комплекс кој ќе се гради под земја, под нивото на теренот ќе се користи за паркирање, додека над нивото, ќе биде хортикултурно и партерно уреден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top