Ознака: НП

Работилници за основци од Охрид и Ресен по повод 63 години НП „Галичица“

Post Views: 2 По повод 63 години од постоењето на Национален Парк Галичица националната установа спроведува едукативни работилници со ученици од основните училишта од Охрид и Ресен. Во изминативе два дена беа одржани две работилници под наслов „Чудесниот свет на безрбетниците“. На работилниците присуствуваа ученици од ОУ „Григор Прличев” Охрид и ОУ „Браќа Миладиновци“ од Царев Двор, Ресен, а беа реализирани во Инфо центар Охрид и Инфо центар Стење. Младите биолози имаа можност да се запознаат со разни видови на безрбетници кои живеат на копно и во вода, да научат за нивната...

Continue reading

Строго се забранува пешачење, возење велосипеди и движење во НП Галичица

Post Views: 6 Строго се забранува шетање, возење велосипеди и моторцикли, четвороколки како и движење на излетничките места на територија на НП Галичица за сите граѓани како мерка за спречување на корона вирусот. Забраната е согласно заклучоците од четиринаесеттата седница на Владата, оддржана вчера со цел да се спречи внесување и ширење на COVID-19, соопштува Васко Паскали директор на НП Галичица. „Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Националниот парк како и во шумите во границите на истиот. Се забранува движењето и во викенд населбите...

Continue reading

Во инфо центарот на НП Галичица мал е бројот на посетители

Post Views: 1 Слаба е посетеноста на Инфо центарот кој постои во рамките на НУ НП Галичица. Прекрасно уредениот простор за едукација и за купување сувенири не е доволно искористен. Идејата за неговото постоење е да се подигнува јавната свест за еколошките вредности кои ги има овој национален парк, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица. Од десетината општински училиша во Охридско и од регионот досега нема интерес за едукативни посети, напоменува Бојаџи. „Досега немало организирани посети. Тоа најчесто биле случајни и не биле системски. Тоа се должи и на слабиот персонален капацитет...

Continue reading

НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата

Post Views: 3 Националниот парк Галичица, конечно,  ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи. Во...

Continue reading

Во НП Галичица има бесправна сеча на шума на две локации

Post Views: 5 Бесправна сеча на шумата во НП Галичица има на две локации. Едната е в долж граничната линија со Република Албанија која се должи на одлуката на двете земји да не поставуваат строга контрола на бесправната сеча, а втората е во атарот на село Велгошти, информираат од НП Галичица. „ Имаше многу пати обиди од установата и други органи на државата , од МВР да се спречи бесправната сеча. Засега се безуспешни има бесправна сеча. Бесправната сеча е дел во атарот на НП Галичица, шумското стопанство Галичица како и шумското претпријатие Преспа – дрво од Ресен,“, вели Андон...

Continue reading

Во НП „Галичица“ се изградени над 1000 нелегални викенд куќи

Post Views: 4 Урбанизацијата е најголема закана за уникатните природни вредности на националниот парк Галичица и за статусот на градот под заштита на Унеско, тврдат од Галичица. Закана за природните убавини доаѓа од изградбата на нелегални викенд куќи на целата територија на паркот иако се сметаше дека на удар заштитеното подрачје е од бесправната сеча на шума, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „ Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности за паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државниот имот...

Continue reading

Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид

Post Views: 0 Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на НП Галичица при управувањето со заштитеното подрачје. Соработката со Понт е резултат на позитивно работење на установата, стратегијата и визијата според кои се раководеше НП Галичица , напомена Васко Паскали , директор на НП Галичица при потпишувањето на договорот. „ Овој договор е од огромно значање за ЈУ НП Галичица. Потврда дека се движиме по прав пат и нашите позитивни резултати некој...

Continue reading

Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи

Post Views: 3 Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица. „ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди...

Continue reading

ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица

Post Views: 4 Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам де...

Continue reading

ЈУ НП „Галичица“ ќе се финансира од туризам

Post Views: 4 Парковите се препуштени на самофинансирање. Пракса во минатото била финансирањето да е од користење на природните ресурси, односно од сеча и продажба на огревни дрва. „Од тие причини не треба да се лутиме кога не поистоветуваат со шумското стопанство. Повеќе од 90% од финансиите потребни за оперативно работење ги обезбедувавме од  сеча и продажба на огревни дрва“, вели Андон Бојаџи – дир. на ЈУ НП „Галичица“. Но сега тоа ќе се смени.  „Сме многу блиску да обезбедиме соодветно функционирање на јавната установа и за прв пат во Р. Македонија имаме значителен процент на...

Continue reading

НП Галичица со проект од ЕУ доби ново теренско возило

Post Views: 2 Јавната установа НП „Галичица“ го поднови возниот парк со ново теренско возило. Со проект од ЕУ доби на располагање возило за подобро управување со заштитеното подрачје. Проектот има три компоменти кои опфаќаат : формирање арборатум околу центарот за посета, формирање на репроцентар за европски елени и ревизија на програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност, информира директорот Андон Бојаџи . „Во рамките на проектот добивме теренско возило кое ќе се користи за активности поврзани со спроведување на проектот, но и за редовни активности кои ги прави...

Continue reading

Преку Смарт Охрид концептот, до промоција на НП „Галичица“

Post Views: 5 Денес во општина Охрид беше промовирана пред-физибилити студијата за концептот Smart Ohrid или Охрид – паметен град. Станува збор за концепт во кој е предвидено како Охрид би можел да се развива на одржлив начин, со цел од тоа придобивка да има населението, општината и туристите, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средниа Еко – свест“. „Идејата на концептот е да го намали притисокот од сообраќајот врз НП „Галичица“ односно врз биодиверзитетот и врз локалното население со тоа што сите автомобили или дел од нив би ги пренасочил...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top