• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи

Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи

Вработените од националниот парк Галичица се собраа на мирен протест да го искажат незадоволството од најавата за смена на досегашниот в.д директор Андон Бојаџи. Стравуваат дека со таа одлука ќе се загрози започнатиот успешен развој на установата со смена на способниот  менаџер. Најавуваат постапка за преиспитување на владината одлука дали е таа законска.

 |  Валентина Неловска  | 

Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица.

„ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди она што досега не можеше државата, да се покријат трошоците и да се подигне паркот на големо ниво е голем скок. Тоа е човек од кој треба да учат вработените од останатите паркови од земјава како да опстанат националните паркови и како да се зачува природата“, вели Новески.

Вработените стравуваат дека со смената на досегашниот в.д менаџер на установата ќе биде доведена во прашање меѓународната поддршка на паркот која треба во следните 10 години да ги покрива трошоците во работењето. Потсетуваат дека пред неколу години НП Пелистер загубил 3 милион евра во слична ситуација.

„ Сигурен сум дека со неговата промена ќе биде загрозена апликацијата за првите средства кои треба да влезат од околу 150.000 евра .Луѓето кои донират , по вест акоај ја слушнле во петокот ќе чекаат резултати од разрешницата на случајот“, напоменува Новески.
Најавуваат постапка за преиспитување на владината одлука дали е таа законска. Управниот одбор на НП Галичица требало да се состане во четврток и да се објави конкурс за избор на директор. Според нив одлуката е избрзана, бараат да се испочитува нивното барање во спротивно најавуваат радикализација на протестот.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top