Работилници за основци од Охрид и Ресен по повод 63 години НП „Галичица“

Работилници за основци од Охрид и Ресен под наслов „Чудесниот свет на безрбетниците“ по повод 63 години од постоењето на Национален Парк Галичица.

 |   | 

По повод 63 години од постоењето на Национален Парк Галичица националната установа спроведува едукативни работилници со ученици од основните училишта од Охрид и Ресен.

Во изминативе два дена беа одржани две работилници под наслов „Чудесниот свет на безрбетниците“. На работилниците присуствуваа ученици од ОУ „Григор Прличев” Охрид и ОУ „Браќа Миладиновци“ од Царев Двор, Ресен, а беа реализирани во Инфо центар Охрид и Инфо центар Стење.

Младите биолози имаа можност да се запознаат со разни видови на безрбетници кои живеат на копно и во вода, да научат за нивната градба, животен циклус и начин на живот. Децата учеа за начинот на нивно колекционирање, а исто така ги набљудуваа и нивните карактеристики со помош на бинокулар.

Учениците дадоа оцена 10 плус што на наша огромна радост знаеме дека ова нема да ни биде наша последна дружба – велат од Националниот парк Галичица.

Оттаму најавуваат дека вакви работилници ќе се одржуваат и во иднина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top