• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид

Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид

Поддршката на Понт е резултат на досегашната стратегија и позитивно работење на паркот да управува со заштитеното подрачје. Ова е за прв пат заштитено подрачје во земјава да се приближи до управувањето на парковите во светот.

 |  Валентина Неловска  | 

Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на НП Галичица при управувањето со заштитеното подрачје. Соработката со Понт е резултат на позитивно работење на установата, стратегијата и визијата според кои се раководеше НП Галичица , напомена Васко Паскали , директор на НП Галичица при потпишувањето на договорот.

„ Овој договор е од огромно значање за ЈУ НП Галичица. Потврда дека се движиме по прав пат и нашите позитивни резултати некој да ги вреднува и наградува. Денес, пред сите присутните, изразувам благодарност на Понт за нивната флексибилност и одлучност да ни помогнат во патот на трансформација на нашето работење од институција која се финансира преку искористување на природните ресурси во организација која ќе биде финасирана од средства кои потекнуваат од туристички и алтернативни активнсоти, фокусирајќи се на нашата цел заштита на природата“, рече Паскали.

Фондот за доверба Понт финансиски на подолг рок ќе го помага националниот парк Галичица. Тие ги препознале промените и активностите на НП Галичица во користењето на природните ресурси на паркот. Грантот е резултат на квалитетна апликација.

„ Апликацијата овзоможува да се фокусирате на вашата работа на главната дејност тоа е заштита на природните, еколошките и едукативните активности. Тоа е новина во РМ ,еден годишен работен план да се фокусира главно на тие основни дејности на установата. Оваа апликација беше одобрена од Надзорниот одбор во Франкфурт минатата недела и беше отценета како исклучително квалитена апликација“, истакна Мирјам де Конинг извршен директор на ПОНТ.

Во изминатите години ЈУ НП „Галичица“ се трансформира и ги промени активностите во користењето на природните ресурси на паркот. Се повеќе се имплементираат туристички активности за разлика од порано кога паркот се самофинансираше со сеча на шума. Во НП Галичица сега се фокусираат на промена на начинот на обезбедување средства за заштита на природата. Има два наплатни пунктови за влез во паркот, а се разви и систем на патеки за велосипеди и планинари во должина од 206 км, вели Андон Бојаџи од НП Галичица.

„ Во 2019 г. ќе извршиме обновување на инфраструктурата в долж на системот на патеки ,кои ќе вклучува планинарска маркација, патокази, столбови. Дополнително, а поврзано со туризмот и зголемувањето на безбедноста на посетителите на паркот планирано е креирање на нов веб страна и апликација за мобилни телефони за посоодветно посетителите да се запознаат со вредностите на паркот, но ќе обезбеди и нивен безбеден престој во планината“, напомена Бојаџи.

Финансиската поддршка на ЈУ НП „Галичица“ е во партнерство на Фондот на доверба Понт преку KfW банка, Германска влада и швајцарската МАВА за прекугранична соработка помеѓу владини и невладини партнери и финансирање на заштитата и управувањето со приородните ресурси во целиот екорегион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top