Ознака: ниво

hiv

Ниска стапка на преваленца на ХИВ СИДА кај нас, но висока стигма

Post Views: 1 Стапката на преваленца на ХИВ СИДАТА кај нас е ниска. Невладините организации заедно со институциите постојано се активни за преваленцата и понатака да се одржува на тоа ниво, укажува Сашо Мерџаноски од НВО „ Интер-етник проект Гостивар“. Повеќето НВО соработуваат со Министерството за здравство и  работат на превцијата на ХИВ СИДА во соработка  со здравствените установи , полицијата, затворите, насекаде каде што има ризични групи. Преваленцaта е ниска, но за да се одржува на тоа ниво мора да се работи и не смее да се остави стихијно бидејќи не сме многу далеку од земјите...

Continue reading

Расте побарувачката на производите на NIKE

Post Views: 1 Американскиот производител на спортска опрема NIKE отстварил подобар квартален резултат од очекуваниот со растот на побарувачката во Северна Америка и Западна Европа. Растот на побарувачката на двата главни пазари е предизвикан со интензивниот маркетинг по повод Светското првенство во фудбал во Бразил. Како што е соопштено, нето профитот во четвртиот квартал на фискалната година, завршен на 31 мај, достигнал износ од 698 милиони долари, со раст од 13% на годишно ниво, или 78 центи по акција, додека во истиот период лани износот бил 690 милиони долари. Приходите од продажбата...

Continue reading

penzioneri

Свечена седница по повод денот на пензионерите

Post Views: 1 Охридските пензионери го одбележаа Денот на пензионерите. Воедно пензионерите на ниво на земјава годинава ја одбележуваат 67 годишнината од постоењето. Претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески на денешната свечена седница ја истакна состојбата и стандардот на нивната популација, во повеќе сфери од општественото живеење. „Кога направивме еден барометар да видиме вработени и пензионери тука сме многу блиску, не има колку што се вработени на ниво на општинава толку има и пензионери. Ние како здружение имајќи ги во предвид овие состојби сепак на социјален план се ангажираме...

Continue reading

zname

ВМРО ДПМНЕ водеше кампања на многу високо и културно ниво

Post Views: 0 „ВМРО ДПМНЕ водеше кампања на многу високо и културно ниво, во ниту една прилика не се обиде да влијае гласачите да гласаат за нив, а не за конкурентите од другата вера“-рече Славко Котески, кандидат за градоначалник на Струга од оваа партија. „Во нашата партија нема делби по верска основа…доказ за тоа е кандидатот од исламска вероисповед кој е дел од советничката листа на партијата“ – додава КотескиНа денешната прес конференција, Славко Котески ги демантираше, како што рече „шпекулациите изнесени на вчерашната прес конференција на ПЕИ“. „Ние не сме против...

Continue reading

мрша

Охрид нема сточни гробишта

Post Views: 6 Охрид нема сточни гробишта нити санитарна кафилерија. Овој проблем пред извесно време беше актуелизиран со фрлена мрша на пцовисана крава во Чекоштина. Ветеринарниот инспектор, д-р Прокопи Поп Стефанија   укажува дека со угинатите животни и остантите животински  отпадоци мора да се постапува  според Законот за нус појави на производи од животинско потекло.  Локалната самоуправа треба да ја посочи локацијата за сточни гробишта, напоменува д-р Поп Стефанија.  Некогашната јама во Чекоштина, изградена според сите прописи на крајот од педесетите, пред неколку  години била...

Continue reading

На ниско ниво комуналната хигиена на плажата Канео

Post Views: 3 Запоставена е јавната хигиена на крајбрежниот простор под црквата Канео. Посетители реагираат дека просторот на една од најатрактивните локации во градот не заслужува таков третман. Расфрлани штици од делови од поранешните платформи кои ги користел концесионерот на плажата, бетонски парапетчиња, преполни метални корпи и расфрлани отпадоци е сликата со која се соочуваат туристите кои доаѓаат по сувоземниот пат кој води покрај крајбрежјето под црквата Канео. ТВМ Телевизија се обрати до „ЈП Охридски Комуналец“ со прашање зошто не ги празнат корпите со отпад и не ја одржуваат...

Continue reading

flejtistka

Дванаесетто издание на натпреварот „Охридски бисери

Post Views: 2 Прекрасен завршен концерт на натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ 2013. Ова негово дванаесетто издание, веќе може да се носи рамо до рамо со ваквите натпревари кои се организираат на европско ниво велат музичките работници. Повеќе од деведесет млади музичари од најразлични земји, на дванаесеттото издание на натпреварот за млади музичари „Охридски бисери“, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. Некои од првонаградените млади музичари задоволни од организацијата и атмосферата на натреварот, но и видно возбудени поради постигнатиот успех. „Јас доаѓам...

Continue reading

rotari

Ротарјанците во Охрид расправаа за иднината на регионот

Post Views: 0 Ротаријанците во Охрид расправаат за иднината на регионот. Целта е да испратат порака за пријателство и мир од Република Македонија, како и за економска соработка и грижа за младите генерации. Претседателот на Ротари клубот од Охрид, Владо Павлоски, истакна дека чест е што Охрид е домаќин на еден ваков голем настан со кој се врши промоција на градот од повеќе аспекти. „Вакви настани се, би рекол ветар во грб, за понатамошна работа на сите ротари  клубови, во зближување на народите во дружење, затоа што оваа форма и ова ниво дава големи резултати во постигнување на мир,...

Continue reading

galicica

Во убавините на Галичица уживаше реномираниот фоторепортер од Национална географија, Бојд Матсон

Post Views: 1 Промотивна тура на планина преку која се означи почетокот на летната сезона на движење на планина. Оваа тура која се одржа вчера беше во организација на Црвениот крст  и со логостичка поддршка на единицата за спасување на непристапни терени и водичи во планина кои се и лиценцирани членови на оваа единица.Групата која вчера планинареше броеше околу 23 лица, кои  без оглед на временските услови се искачија до врвот на Галичица. „Сите кои што беа речиси се искачија до самиот врв. Малку имаше дожд, но не беше ништо страшно, временските услови беа фантастични. Имавме можност...

Continue reading

crven krst Ohrid

150 години хуманитарна мисија на Црвениот крст

Post Views: 0 Семејството на Црвениот крст го сочинуваат над 110 милиони волонтери од 187 земји од светот. Денеска празникот со пригодни свечености го одбележаа сите членки во исто време. Охридскиот  Црвениот крст се вбројува во една од најуспешните организации во Македонија. Оваа општинска организација работи со ранливи категории. Помагаат онаму каде што е најпотребно на социјално загрозените семејства, се врши здравствена едукација и се делува превентивно.  За жал сеуште помошта е од граѓаните за граѓаните, затоа што повисоските инстанци во своите програми немаат издвоено средства...

Continue reading

Bakraceski -Poposki

Бакрачески од министерот Попоски побара помош во промоцијата на Охрид

Post Views: 8 Работна средба на новиот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески, претставници на новиот совет и министерот за надворешни работи Никола Попоски. Целта на средбата беше министерот да се запознае со  програмата и  проектите во делот на интензивирање и унапредување на меѓународната соработка  на локалната самоуправа. „Разговаравме околу можностите за подобра координација на активнотите помеѓу локалната самоуправа и министерството за надворешни работи, односно нашите амбасади и козуларни претставништва во странство околу начините и механизмите на кои ќе ја остваруваме...

Continue reading

toalet

Родителите бараат повеќе да се води сметка за хигиената во училиштата

Post Views: 1 Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од државата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top