150 години хуманитарна мисија на Црвениот крст

Денеска се прославуваат 150 години од постоењето на  најголемото хуманитарно движење во светот – Црвениот крст.

 |  Маленкова Татјана  | 
crven krst Ohrid
црвен крст охрид

Семејството на Црвениот крст го сочинуваат над 110 милиони волонтери од 187 земји од светот. Денеска празникот со пригодни свечености го одбележаа сите членки во исто време.
Охридскиот  Црвениот крст се вбројува во една од најуспешните организации во Македонија. Оваа општинска организација работи со ранливи категории. Помагаат онаму каде што е најпотребно на социјално загрозените семејства, се врши здравствена едукација и се делува превентивно.  За жал сеуште помошта е од граѓаните за граѓаните, затоа што повисоските инстанци во своите програми немаат издвоено средства за хуманитарни дејности.

„Во светот, државата преку црвениот крст како најголема хуманитарна мрежа помага на своите граѓани, кај нас сеуште не сме развиени  на тоа ниво, ние сеуште помагаме од граѓаните се граѓаните, но правиме напори и лобираме до институциите, до државата за сето тоа да биде како треба државата да помага на граѓаните пеку нашите органи, преку Црвениот Крст“, вели Весна Терзиоска, потпретседател на ОО  на Црвен крст.

Терзиоска додава дека благодарение на Свеста на граѓаните која кај нас е на многу високо ниво, тие како crven krst Ohridорганизација успеваат  помошта да стигне во вистинските раце, на вистинско место, со што нашите сограѓани ги прават колку толку посреќни и поспокојни.
Во скоп на денешните активностите на ОО на Црвениот крст отворена беше изложба од избрани дела подготвени од членовите на ликовниот клуб Арс Вивенди кој работи во склоп  на Црвениот крст.

„Клубот постои како сознавање на нови работи за цртањето за уметноста, но сепак не е само тоа, има и многу дружење, многу забава и во самото цртање, но сепак и во часовите има и многу музика. Постојано сме во забава, но сепак ги учиме основните работи за цртањето. Ние секогаш сме отворени за нови членови  и секогаш ќе има доволно место за оние кои сакаат да се вклучат во уметноста, секогаш може да научиме нешто ново, нешто што ќе ни треба во животот“, вели Милан Србиновски, член на ликовниот клуб „Арс Вивенди“.
 
Денеска беше промовиран и филмот „Прозорец“ , кој е во рамки на проектот Промоција на хумани вредности кој се работи во Црвениот крст веќе 8 години.  

8- ми мај се одбележува во чест на роденденот на големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст.
 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top