Ознака: ниво

agencija

Да има што повеќе жени во политиката

Post Views: 13  Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“. Во Советот на општина Охрид...

Continue reading

велосипед

Бајкерите од „Еко Дром“ блеснаа со бројни успеси

Post Views: 4 Јован Јованоски, Бленди Троци, Петар Упевчески, Новица Велјаноски, Филип Петрески, Јаков Јовансоки, Теодора Алексиоска Иво Србакоски , Христијан Николовски , Сара Пешликоска, Настасја Краљевска и Михаил Тасески се ведлосипедистите кои оваа година освоија бројни медалји. Велосипедскиот клуб  Еко дром ја заврши 2012 година со исклучителни успеси. Клубот брои 36 членови од кои 18 -мина се лиценцирани велосипедисти. За само три години од постоењето, клубот постигнуваа и руши рекорди на државно ниво.  Изминатава сезона 13-мина од членовите на клубот  освоија бројни награди...

Continue reading

takso lobiranje

Граѓанските организации учеа како да лобираат кај властите

Post Views: 12 Напредните граѓански организации кои делуваат на национално ниво, денес учеа како да лобираат кај властите за да добиваат поддршка за нивните проекти.  Оваа обука е дел од TACSO програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Обуката има за цел да им ги посочи на граѓанските организации сите алатки и методи кои им стојат на располагање за поуспешно и поконкретно лобирање кај властите било локални или национални. „Ние имавме отворен повик на кој што отворен повик, во три групи на организации, и тоа локални организации, кои делуваат на рурално ниво,...

Continue reading

SSM

Охридскиот сојуз на синдикати солидарен со европските колеги

Post Views: 4 Денес Европа масовно штрајкува против мерките за штедење наметнати од Владите. Подршка добија и од охридската регионална канцеларија на Сојузот на синдикати на Република Македонија. Претседателот на општинскиот синдикат, Драган Цветаноски вели дека борбата за работнички права треба да има заеднички именител насекаде низ светот. Стандардите кои важат во Европа, да важат и овде. Ова е ден кога синдикатите се мобилизираат и силно спротиставуваат на мерките на владите кои одат против европскиот социјален модел. „Во услови на пазарна економија, конкуренција, светска економска...

Continue reading

2 cellos

„2 Cellos“ вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 1 Долго очекуваното дуо виолончела – Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер од Хрватска, вечерва на програмата на „Охридско лето“. Овие поранешни ривали, врвни класични уметници кои на своите инструменти виолончелата, нижеа огромни успеси, светската слава ја стекнаа со нивната виртуозна изведба на композицијата „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон, која поставена на музичкиот интернет портал „Ју-тјуб“ за неколку дена стана светска сензација. Тие во Охрид пристигнаа без некои посебни барања. Лука Сулиќ за нивниот прв настап во Македонија како дуо, најави вистинско музичко доживување. „Ние...

Continue reading

atleticar

На Олимпијада само четворица македонци

Post Views: 1 На Олимпијадата во Лондон Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти и тоа двајца атлетичари и двајца пливачи. Ова е најмалата екипа од осамостојувањето на Македонија која се испраќа на Олимписки игри. На што се должи ова може да се анализира уште пред да започнат игрите во Лондон .Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на вака...

Continue reading

бродови

Бродовите подготвени за туристичката сезона

Post Views: 5 Охридската бела флота подготвена за крстарење по езерото. Трите бродови Кристина, Александрија и Галеб ги имаат сите потребни документи за пловење по езерските води. СЕ очекува деновиве лиценца да добие и новиот брод Александрија 2 кој има капацитет за 150 патници. Драган Наумовски, заповедмик на бродот Александрија вели дека најбарана релација е Охрид Св наум . Од почетокот на овој месец има редовна линија за овој наш познат локалитет. Билетот по се изгледа ќе чини исто како и ланското лето, а тоа е 10 евра по патник. Поаѓањето е во 10 часот а враќањето во 17 или 18...

Continue reading

Nikola Mitrovic

Дивоградбите во Трпејца повторно актуелни

Post Views: 0 Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, а во негов состав и советничката група во советот на Општината, незадоволни од начинот како Локалната Самоуправа од Охрид го третира и решава, односно не решава проблемот со неспроведувањето на одлуките за уривање на дивоградбите во населбата Трпејца. Велат дека невиден и недемократски преседан е одбивањето за ставање на таа точка на дневен ред на неоднаешната Седница на советот од страна на мнозинството,а предложена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, со што додаваат Локалната во Охрид на чело со Градоначалникот Петрески, упорно...

Continue reading

logo

Охридските „мозочиња“ едни од најдобрите во Македонија

Post Views: 6 Дваесет и петте охридски мозочиња се вратија со куп награди од првиот Бреинобреин натпревар на децата  од петте центри во земјава. Така, шест од овие талентирани ученици се вратија како шампиони, а останатите со куп златни и сребрени медали. Нивниот тренер Валентина Кузманоска вели дека оваа програма им помага во насоката на овие талентирани дечиња. „Оваа програма содржи десет нивоа, ние како центар сме стигнати до петтото ниво. Веќе од петтото ниво се тие насоки, кое дете како треба да се движи и да се извлечи она индивидуалното од него што го поседува. Сега стартуваме...

Continue reading

bran

Новиот бран на ВМРО ДПМНЕ ја заплисна Охридската Капетанија

Post Views: 0 Според извори од владејачката партија, позицијата  ја напушта раководителот на Капетанијата во Охрид, Љупчо Настоски. Капетанот Настоски е на службен пат во Хрватска и не беше достапен за коментар. Од ВМРО ДПМНЕ  го потврдуваат она што  Телевизија ТВМ го објави пред извесен период , дека во рамки на новиот бран  ќе бидат сменети 7 лица од Охрид, кои се на чело на институции на локално ниво, или пак, во подрачни единици или сектори од државно ниво.     {loadposition content9}  

Continue reading

kej

Охридското езеро го демнат нови опасности

Post Views: 5  Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на...

Continue reading

plaketi crven krst

Охриѓани докажани крводарители

Post Views: 0 Охриѓани докажани крводарители. Рекордот од 178 подарени единици на крв на ниво на општината го држи Димитар Свилар. За него тоа претставува обновување на живот, се чуствува помлад и кај него сеуште постои желба да дарува крв. Свилар кажува дека не знае колку животи досега спасил, бидејќи понекогаш од својата драгоцена течност давал и повеќе од потребната количина. Тој е крводарител четири децении, а во Охрид живее 36 години. „Крводарител станав уште како војник  од 1968 год. Потоа редовно давав нон стоп, по еднаш во месецот. Добив златна плакета и многу други републички...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top