Охриѓани докажани крводарители

Планот за крводарителство во 2011 година надминат и на локално и на државно ниво.

 |  Николоска Биљана  | 
plaketi crven krst
плакети црвен крст

Охриѓани докажани крводарители. Рекордот од 178 подарени единици на крв на ниво на општината го држи Димитар Свилар. За него тоа претставува обновување на живот, се чуствува помлад и кај него сеуште постои желба да дарува крв. Свилар кажува дека не знае колку животи досега спасил, бидејќи понекогаш од својата драгоцена течност давал и повеќе од потребната количина. Тој е крводарител четири децении, а во Охрид живее 36 години.

crven krst nagrada„Крводарител станав уште како војник  од 1968 год. Потоа редовно давав нон стоп, по еднаш во месецот. Добив златна плакета и многу други републички признанија, раскажува Свилар.

Младиот Христијан Николоски е новопечен крводарител, кој има само еднаш дарувано крв. Повод за тоа било крводарителската акција која се спроведувала во неговото училиште , за да сега прерасне во мотив, карводарителството да го разбере како чин на спасување на човечки живот.
Денес во Центарот за култура со пригодна свеченост се одбележа 17 ти март денот на крводарителството во Македонија. Планот за крводарителство во 2011 година е надминат дури за 42%, вели претседателот на Црвениот Крст, Сашо Точков. Имаме вкупно 2393 крводарувања, собрани од 25 организирани крводарителски акции на ниво на општината.

tocko„Денеска е и за истакнување собирот на сите крводарители од најмладите од 18 па до 65 години коишто навистина придонеле за развојот и унапредувањето на крводарителството Охрид но и пошироко во Македонија. И на овој ден ја изразуваме нашата благодарност кон тие крводарители со доделување на благодарници, признанија, плакети што секако е само еден ден во годината што благодарноста ја изразуваме на таков начин. Но преку цела година комуницираме со крводарителите и гледаме да им излеземе во пресрет на нивните барања и потреби и мислам дека во ова време на невреме како што е во целата држава и светот мислам дека имаме добри резултати“, вели Точко.

Тој е категоричен дека собраните единици од најскапоцената течност се сосема доволни за пациентите кои имаат потреба од тоа не само во општинава туку и во државава. Тоа го поткрепи со фактот дека во Македонија за 2011 година собрани се 55 700 единици на крв, што значи и тука планот е надминат за 1,5%.
Но сепак сеуште во добар дел на здравствените установи во земјава се судруваме со еден реален проблем. Имено, пред изведување на оперативен зафат не ретко се случува докторите – хирурзи, од фамилијата на пациентот да побараат самите тие да ја обезбедат потребната количина на крв.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top