„2 Cellos“ вечерва на „Охридско лето“

Празничниот термин на „Охридско лето“ резервиран за светската атракција „ 2 Cellos“.

 |  Голабовски Крсте  | 
2 cellos
2 cellos

Долго очекуваното дуо виолончела – Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер од Хрватска, вечерва на програмата на „Охридско лето“. Овие поранешни ривали, врвни класични уметници кои на своите инструменти виолончелата, нижеа огромни успеси, светската слава ја стекнаа со нивната виртуозна изведба на композицијата „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон, која поставена на музичкиот интернет портал „Ју-тјуб“ за неколку дена стана светска сензација. Тие во Охрид пристигнаа без некои посебни барања. Лука Сулиќ за нивниот прв настап во Македонија како дуо, најави вистинско музичко доживување.

2 cellos„Ние ќе ги свириме тие наши обработки, по кои сме познати за да на крај ни се придружи и нашиот тапанар Душан Крањц, кој дополнително ќе ја подигне таа наша енергија на едно повисоко ниво. Тој ни дава дупло повеќе енергија. Ќе има многу енергија, многу добра музика.“ изјави Сулиќ.

Хаузер и Сулиќ свират виолончело од рано детство. Сулиќ музичко образование стекнува на Ројал колеџот во Лондон, додека Хаузер на Ројал нортерн музичкиот колеџ во Манчестер. Имаат настапувано во познатите Вигмор и Ројал Алберт Хол во Лондон, потоа на сцените во Амстердам, Виена. Сулиќ е добитник на повеќе меѓународни награди, вклучително и на Прва и Специјална награда на Меѓународниот натпревар Лугославски во Варшава. Хаузер, инаку последниот ученик на големиот Мстислав Ростропович, бил првак на дури 21 меѓународен натпревар. Двапати има настапувано пред англиското Кралско семејство во Бакингемската палата во Лондон. Иако настапувале  на најпознатите музички сцени и на најпопуларните телевизиски шоуа во Европа и САД, сепак во настапите низ земјте од поранешна Југославија, најмногу уживаат.
2 cellos„Нам ни е најдраго да дојдеме на овие наши простори. И Македонија ја сметаме како наш простор. Тука најмногу ни се допаѓа и менталитетот на луѓето и најмногу уживавме да дојдеме тука, едвај дочекавме“ вели Хаузер.
Во подготовка е нивниот втор студијски албум, за кој велат ќе биде на уште повисоко ниво, со голем број како инструметални така и вокални гости. Инаку нивниот Менаџер Миро Видовиќ за крајот од месецов, најави дека дуото  „2 cellos“ ќе настапи со Red Hot Chilly peppers во Загреб.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top