Дивоградбите во Трпејца повторно актуелни

О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ги повика институциите на централно ниво, да реагираат во врска случајот со дивоградбите во Трпејца.

 |  Голабовски Крсте  | 
Nikola Mitrovic
Никола Митровиќ

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, а во негов состав и советничката група во советот на Општината, незадоволни од начинот како Локалната Самоуправа од Охрид го третира и решава, односно не решава проблемот со неспроведувањето на одлуките за уривање на дивоградбите во населбата Трпејца. Велат дека невиден и недемократски преседан е одбивањето за ставање на таа точка на дневен ред на неоднаешната Седница на советот од страна на мнозинството,а предложена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, со што додаваат Локалната во Охрид на чело со Градоначалникот Петрески, упорно манипулира со спроведување на решението и заклучокот за отстранување на дивоградбите.

Trpejca„Затоа како ОК на ВМРО-ДПМНЕ, а имајќи ја во предвид неодговорноста на Локалната Самоуправа, бараме во најитен можен рок, сите институции на централно ниво, кои имаат надлежност во градежната и урбанистичката сфера, да ги преземат сите иснпекциски и пропишани постапки во согласно со законите“ вели Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид.

Од ОК, на ДПМНЕ, додаваат дека ЛС од Охрид не ги презема мерките во согласно со законите, па затоа бараат сите надлежни институции од централно ниво, да излезат на увид за конкретниот случај, и да ги преземат сите мерки за спорведување на законските решенија за отстранување на дивоградбите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top