ВМРО ДПМНЕ водеше кампања на многу високо и културно ниво

„ВМРО ДПМНЕ водеше кампања на многу високо и културно ниво, во ниту една прилика не се обиде да влијае гласачите да гласаат за нив, а не за конкурентите од другата вера“-рече Славко Котески

 |  Билјана Колоска  | 
zname
знаме

„ВМРО ДПМНЕ водеше кампања на многу високо и културно ниво, во ниту една прилика не се обиде да влијае гласачите да гласаат за нив, а не за конкурентите од другата вера“-рече Славко Котески, кандидат за градоначалник на Струга од оваа партија. „Во нашата партија нема делби по верска основа…доказ за тоа е кандидатот од исламска вероисповед кој е дел од советничката листа на партијата“ – додава Котески
На денешната прес конференција, Славко Котески ги демантираше, како што рече „шпекулациите изнесени на вчерашната прес конференција на ПЕИ“. „Ние не сме против никого, единствено сме за себе, не ги принудуваме луѓето да гласаат за овој или оној кандидат, имавме кампања на многу високо и културно ниво, не е наш стил да делиме флаери со крстови и да притискаме да не се гласа за моите против кандидати“ вели Котески. Ваквите шпекулации, додава тој, не одговараат на неговиот карактер а уште помалку се дел од кампањата која тој ја презентира.

„Во нашата програма приоритет се дава Струга да биде мултикултурен град и во никој случај не би настапиле со делби по етничка и верска основа…..дека ВМРО ДПМНЕ не прави вакви делби, доказ  е и кандидатот за советник од оваа партија, Нола Исмајлоска“-потенцира кандидатот за градоначалник на Струга.

presОд страна на Котески, изборната кампања беше оценета како добра, иако вели дека има забелешки. На 2 дена пред изборите не сака да се впушта во анализа на неправилностите кои ги правеле неговите конкуренти, но и покрај тоа, очекува фер и демократски избори.

Котески ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање со зборовите „Сетет се дека ова е  Ваш ден и подржете го кандидатот за „Обединета Струга““.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top